Author: Biljana

По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти. „Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно…

Read More

Српската премеирка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот огруг, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. „Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската Унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари“, изјави Брнабиќ.…

Read More

Расте бројот на заразени со Ковид 19. Во последното деноноќие, ИЈЗ регистрирал 37 нови случаи и тоа Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1. Ннаправени биле 4.264 тестирања. Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1. Нема починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати…

Read More

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска од Охрид рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, најавувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи. За самиот процес тој рече дека воопшто не е лесен, оти постојат одредени судски решенија што го усложнуваат, но дека инситутциите на сите нивоа остануваат фокусирани на исполнување на предвидените постапки. „Слободата и демократијата живеат и се слават во нашата земја…Навистина ги следиме законите. Централната власт е во позадина, со поддршка не само во изјавите, туку и…

Read More

Малолетно дете се здобило со лесни повреди откако во негова близина паднало дрво. Немилиот настан се случил синоќа во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“ во скопската населба Дебар Маало. Во инцидентот бил оштетен и паркиран автомобил. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за „360 степени“ вели дека детето има само гребаници, а се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото. „Дрвото паднало само од себе. Било со зелени гранки, но со исушени корени, практично, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати отштета за автомобилот. Детенцето…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, во придружба градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, и ја пуштија во улицата „15-ти Корпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид. „Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на…

Read More

Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени. Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата. Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“. Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протестни активности. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода…

Read More

Земјоделци од селата Спанчево, Соколарци и Бања во општина Чешиново-Облешево, денеска излегоа на двочасовен предупредувачки протест, при што со земјоделска механизација го блокираа сообраќајот и изградбата на експресниот пат Штип – Кочани. На тој начин искажаа незадоволство зашто и покрај нивните реагирања и упатени писмени барања до надлежните државни институции, не добиле, како што рекоа, одговор како ќе им се реши пристапот до нивите кои остануваат отсечени со комплетирањето на новата сообраќајна врска. „Се работи за над две илјади хектари оризови површини до кои ние воопшто не можеме да дојдеме ни пеш, а уште помалку со земјоделската механизација. За два…

Read More

Француските власти денеска соопштија дека спасиле 42 мигранти кои се наоѓале на брод во Ламанш. Мигрантите ги алармирале службите за итни случаи, а бродот за спасување ги земал во морето во близина на Па-де-Кале, соопшти француската полиција. „Тие се однесени во блиското пристаниште Булоњ-сир-Мер и сите се чувствуваат добро“, се додава во соопштението.

Read More

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала на српските граѓани, македонските и од други држави лица изнесува 76.899. Од нив, бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија со првата доза е 12.006, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е 6 лица. Бројот на граѓани на…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 487.975 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.977 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.085 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани. Со последните бројки 62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 59% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…

Read More

Делта-варијантата на Ковид-19, која ги загрижува властите, се шири брзо низ Европа и веќе е најдоминантниот сој во голем дел од регионот, покажуваат најновите податоци. Според податоците пратени до СЗО Европа и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), помеѓу 28 јуни и 11 јули 2021, Делта-варијантата била доминантна во повеќето (19 земји) од 28 земји кои регистрираа доволно целосни информации за генетско секвенционирање. Од нив, 68,3 отсто од просечната пропорција на сите откриени изолации на вируси во национална секвенца биле Делта, со што ја надминала Алфа-варијантата, која претходно доминираше во регионот. Како што е посочено, според тековните…

Read More