Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје доби нова рекреативна патека

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 15:39

По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.

„Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1000 метри. Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново ЛЕД осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини -инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпа“, кажа на промоцијата на патеката градоначалникот Шилегов.

Шилегов додаде дека новата тартан патека заради сенките од околните дрвја кои ја штитат од сончевите зраци е поволна за користење и во летниот период кога паркот природно привлекува многу наши сограѓани кои криејќи се од летните температури доаѓаат тука да прошетаат, одморат и да се рекреираат.

За потсетување, пред две години Град Скопје ја изгради првата тартан патека, околу малото езеро, која е долга 534 метри.
Град Скопје и понатаму ќе продолжи да ги зголемува и уредува урбаните површини кои граѓаните ги користат за спорт и рекреација и на тој начин да ја унапредува животната средина создавајќи услови за развивање на здрави навики кај граѓаните.

Изминатиов период Град Скопје инвестираше многу за подобрување на условите за спортистите и рекреативците во паркот, каде покрај изградбата на двете тартан патеки, целосно е завршената и реконструкција на сите пешачки мостови, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки.

Градски парк рекреација Скопје тартан патека
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.