Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Огромни облаци од чад од шумските пожари во Ново Мексико се снимени на сателитски снимки во истиот момент кога бура од прашина го зафати Колорадо. Снимката го обиколи светот прикажувајќи го феноменот како изгледа од вселената. Налетите на ветрот во Колорадо достигнаа и до 97 км/ч (60 милји на час), бидејќи бурата од прашина ја намали видливоста на речиси нула, додека пожарите зафатија околу 283 квадратни милји.
Град Скопје со реакција: На в.д. директорот на ЈСП му истече мандатотДосегашниот вршител на должноста Директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски нема поднесено оставка туку му престанал мандатот како вршител на должноста директор, соопштуваат од Град Скопје. „Постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек. На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава…
Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски поднесе оставка по само пет месеци од функцијата, која ја доставил до градоначалничката Данела Арсовска. Нема одговор зошто Илиевски поднел оставка, ниту од него и неговата ПР-служба, ниту од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска. Во претпријатието од утрово веќе се споменуваат имиња за тоа кој ќе биде нов директот на неговото место. Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата. Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху си замина од функцијата само десет дена откако беше поставен за в.д. директор. Потоа Арсовска за директор го постави Бојан Христовски.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски. – Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме и работниците се повеќе веруваат во синдикатот, изјави Ралповски пред почетокот на 5. Конгрес. Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи…
Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бектеши посочи дека Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас и да се диверзифицираат местата од кои го добива. Министерот Бектеши се заблагодари за поддршката на ЕУ за Северна Македонија во последните години за…
Украинските вооружени сили соопштија дека руските војници се концентрирани на уништување на украинските единици во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. „Руските окупатори ги насочуваат своите напори на блокирање и обид за уништување на нашите единици во областа Азовстал. Непријателот ја продолжи офанзивата со поддршка на авиони со цел да ја преземе контролата врз фабриката“, соопшти војската во најновото ажурирање. Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, рече дека интензивните напади и „непрекинато“ гранатирање на челичарницата продолжиле во текот на ноќта.
Луѓето се плашат за својот живот. Тоа го покажува и фактот дека повеќе од 260.000 македонски граѓани се осигурале, односно вложиле над 2 милијарди денари во животни полиси. Трендот и во Македонија бележи раст бидејќи бројот на лица со осигурување се зголемил за 95 отсто во однос на претходната година. Ова се случува за прв пат по 16 годишно постоење на животното осигурување. Според официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) бројот на нови осигуреници лани е зголемен за 127.000 лица во однос на 2020 година. Од вкупните вложувања во животно осигурување лани над 1,6 милијарди денари (26…
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донеле десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини. Од партијата велат дека овие луѓе се дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според нив, се секогаш со народот. „Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат. ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински…
Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои штрајкуваат веќе шести ден, најавија дека денеска попладне ќе одржат протест од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците. Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа. Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ до исполнување на барањата и покрај притисоците со кои се соочуваат. За време на штрајот вработените се на работното место, но…
Руски воен хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана на Финска, додека земјата разгледува потенцијална кандидатура за членство во НАТО. „Типот на воениот хеликоптер бил Mi-17, а длабочината на сомнителниот прекршок е околу четири до пет километри“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Финска за APF. Инцидентот се случил во средата во 09:40 часот по локално време. Ова е второ нарушување на воздушен простор од Русија годинава, по претходното во април, а и двете се случија по војната во Украина. Цивилен транспортен авион на руската армија на 8. април накратко навлезе во финскиот воздушен простор. Експертите…
Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик. -Од тој момент, македонската азбука и…
Соединетите Држави и дадоа на Украина разузнавачки информации кои им помогнаа на украинските сили да убијат многу руски генерали убиени во војната, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи висок американски функционер. Њујорк Тајмс пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Бајден биле да и обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на бојното поле. Вашингтон, наводно, и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските трупи и локацијата, како и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски и други напади во кои биле убиени…