Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски поднесе оставка по само пет месеци од функцијата, која ја доставил до градоначалничката Данела Арсовска.

Нема одговор зошто Илиевски поднел оставка, ниту од него и неговата ПР-служба, ниту од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

Во претпријатието од утрово веќе се споменуваат имиња за тоа кој ќе биде нов директот на неговото место.

Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата. Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху си замина од функцијата само десет дена откако беше поставен за в.д. директор. Потоа Арсовска за директор го постави Бојан Христовски.