Author: Biljana

Претседателот Стево Пендаровски ги нарече лага и гола конструкција последните тврдења на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Македонија биле убиени 10.000 Бугари по Втората светска војна. „Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели. Не постои ни еден релевантен  историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ниво  светска историографија дека 10.000 луѓе  биле убиени во концентрациони логори во тоа време кај нас. Нешто што може да влезе во таа дефиниција  на концлогор постоело во Хрватска на Голи Оток. На територијата на Македонија никогаш немало конц-логори ни тогаш, ни денес“, рече Пендаровски. Бугарскиот претседател…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 21, Штип – 5, Кавадарци – 4, Охрид и Радовиш – по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово – по 2, Гостивар, Велес, Виница, Неготино,…

Read More

Претседателот Емануел Макрон во средата изврши невиден директен напад врз лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен користејќи клучна ТВ дебата пред изборите во недела за да ја обвини дека е на платниот список на Кремљ. Обвинувањата на Макрон за поддршката од Русија беа момент на врвна тензија во двоиполчасовната телевизиска дебата што ги натера двајцата кандидати да се спротивстават за низа теми, вклучувајќи ги ЕУ, пензиите и енергијата. Францускиот претседател ја обвини лидерката дека е „зависна од Владимир Путин“ и неспособна да ги „брани француските интереси“ поради партиските заеми земени во руска банка блиска до Кремљ. И покрај незабранетиот…

Read More

„Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ја надомести, а одговорен за оваа непоправлива загуба е Синдикатот и тоа никој не може да го оспори“, се вели во најновото соопштение од Владата. „Ги повикуваме наставниците, воспитувачите и негoвателите најдобриот интерес на децата да го стават пред своите лични интереси, враќајќи ја наставата и прифаќањето и згрижувањето на децата во училиштата и градинките“- додаваат оттаму. Според нив, одлуката на СОНК за организирање на генерален штрајк пред истекот на шестмесечниот рок за усогласување на минималната плата, а за кој причината…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи напорите на руските сили да го заземат Мариупол за „успешни“, но им нареди на руските сили да застанат пред опколената фабрика за челик Азовстал во градот и да ја блокираат „за да не може ни птица да прелета“. На средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Путин рече: „Завршувањето на воената задача за ослободување на Мариупол е големо достигнување, ви честитам“. Украинските сили сè уште ја држат фабриката Азовстал во југоисточниот пристанишен град и Шојгу му рекол на Путин дека на руските сили ќе им требаат три или четири дена да ја преземат…

Read More

По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (22.04.2022 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред. Во сабота (23.04.2022 год), недела (24.04.2022 год) и понеделник (25.04.2022 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред. Утре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Во сабота сите…

Read More

Руското Министерство за одбрана објави видео од, како што вели, успешно лансирање на проектил со нуклеарен капацитет. Новата супертешка интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ беше лансирана од космодромот Плесецк во северозападната област Архангелск и слета на другата страна на Русија на далечниот источен полуостров Камчатка. Претседателот Путин рече дека такво оружје нема никаде на друго место во светот.

Read More

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 22.04. (петок), 24.04. (недела) и 25.04.2022 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Согласно програмата за неработни денови за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика, 23.04.2022 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и…

Read More

Британскиот премиер, Борис Џонсон изјави дека мировните преговори за Украина веројатно ќе пропаднат споредувајќи ги разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин со преговори со крокодил. Џонсон истакна дека да имате работа со Путин е како со „крокодил кој ви ги држи нозете во вилиците“ и додаде дека е од клучно значење Западот да продолжи со наоружувањето на Украина. Премиерот го изјави ова на пат за Индија, каде ќе се обиде да го поттикне својот колега Нарендра Моди да ја прекине својата неутралност кон војната во Украина. Индија, која е држава што најмногу купува руско оружје и увезува нафта од Русија,…

Read More

„Специјалната воена операција“ на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија, изјави Алексеј Полишчук, висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас. – Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на мирното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминацијата на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзино заземање од страна на НАТО земји, рече Полишчук. Според него, „специјалната операција се одвива според планираното и сите нејзини цели ќе…

Read More

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, приведена поради сомнение за создавање криминална организација и противзаконско влијание, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), јавуваат подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според порталот РТЦГ, Меденица моментално е во стабилна состојба. Црногорскиот јавен сервис додава дека, според информациите со кои располага, Меденица наводно сама се обидела да си го пресече вратот, што било спречено со интервенција на болничкиот персонал и полицајците. Екс-претседателката на црногорскиот Врховен суд беше уапсена поради злоупотреба на службената должност откако беа објавени записи на нејзиниот син во кои…

Read More

Средношколците апелираат на интензивирање на преговорите меѓу власта и синдикатот, а бараат и да бидат вклучени во изнаоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал. „Учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес“, велат од Сојузот на средношколците. Според нив, и Владата и СОНК се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели,…

Read More