Author: Biljana

„Сметаме дека рачно изработената бомба оставена на дното на столбот за струја при минување на затворското возило е активирана со далечински управувач. Едно лице загина, четири се повредени. Ги очекуваме да пристигнаг министрите за внатрешни работи и за правда во Бурса. Инцидентот го оценуваме како терористички напад“, изјави гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во тек е истрагата за откривање на сторителите. „Еден од нашите затворски чувари беше убиен при активирање на бомба со далечински управувач додека чуварите минуваа на патот Бурса-Мудања“, изјави Сојлу. „Во тек е истрага за откривање на сторителите. Посакувам…

Read More

Основното јaвно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела. Велешанецот на 6 март во куќата на 77-годишна жена побарал храна и пари, а кога таа сакала да му даде 100 денари, тој ја удрил трипати со бокс и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот. На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од…

Read More

Српските параолимпијци што и донесоа шест медали на Србија на Параолимписките игри во Токио, вчера имаа средба со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Србија од Параолимписките игри во Токио се врати со два златни, три сребрени и еден бронзен медал, и со средбата на параолимпијците со Ѓоковиќ беше испратена порака за за важноста на спортот и натпреварувањето и поместувањето на сопствените граници. На крајот од настанот, Новак им порача на параолимпијците „Вие сте херои и инспирација за сите нас“. „Колку ме инспирирате, драги наши параолимпијци! И покрај сите тешкотии и препреки, вие упорно и неуморно се борите и напорно работите…

Read More

Дмитриј Неказаков го шеташе своето куче пред да замине на работа кога започна руското гранатирање на Хостомел, град во предградието на главниот град Киев. Небото брмчеше од нисколетачки хеликоптери од кои скокаа руски војници, додека паѓаа ракети. Беше 6 часот и 40 минути на 24 февруари, првиот ден од руската инвазија на Украина, а бомбардирањето таму не престана речиси еден месец. Неказаков рече дека поминал 20 дена седејќи на земја во неговиот подрум во текот на ноќта. Во студената светлина на денот, тој и другите жители во неговото соседство ќе излезат за да бидат сведоци на штетата што им била…

Read More

Со заминувањето во пензија, одреден надоместок во висина од 3.000-4.000 денари, кој според правилникот на синдикатот треба да го добиваат просветните работници велат дека не го земаат, пишува  Фактор. Според претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека тоа не е точно, односно дека овие парични средства не им следуваат на сите членови на СОНК. Освен чланарината која изнесува 0,6 проценти од платата, постои и Доброволен фонд на СОНК за кој дел од членовите месечно издвојуваат 0,4 проценти од платата. Значи ако некој наставник зема 25.000 денари нето плата, доколку сака да плаќа во доброволниот Фонд, треба да издвојува месечно по…

Read More

Војната би завршила доколку мојата земја имаше пристап до сето оружје што и е потребно, „што е споредливо со оружјето што го користи Руската Федерација“ изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски , пишува „Гардијан“. Во ноќното обраќање, Зеленски рече дека е неправедно што Украина сè уште е принудена да го бара „она што нејзините партнери го складираат некаде со години“. Зеленски додаде дека ситуацијата во опколениот Мариупол е тешка како и досега, и дека интензитетот на нападот на руските сили врз Харков, Донбас и Днепар е „значително зголемен“, пишува британскиот весник.

Read More

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен. – Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори – праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми. Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека…

Read More

Ракометната женска репрезентација на Македонија се подготвува за сериозен тест на силите во пресрет на Европското првенство. Во рамките на ЕХФ Еврокупот, избраничките на Љубомир Савевски ќе се судрат со гигантот Норвешка во последните две кола на натпреварувањето. Првиот натпревар меѓу двете е закажан за в четврток во Скопје. Ракометната федерација на Македонија потврди дека вратите на салата „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени и влезот ќе биде бесплатен. Дуелот се игра во терминот од 19:30 часот, а репрезентативките се надеваат на поддршка. Возвратниот натпревар во Норвешка ќе се одигра во Бекестуа на 24 април (недела).

Read More

Градскиот совет на Мариупол во објава на Телеграм соопшти дека и покрај бројот на руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат Мариупол, па затоа „сакаат да ја срамнат со земја“ фабриката за челик. Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пренесува Би-Би-Си. „Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Градскиот совет на Мариупол во објава…

Read More

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 8 до 14 часот дел од корисниците од улицата Малешевска – лоцирани спроти основното училиште (општина Кисела Вода); – во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците од улицата 1 на потегот од маркет „Рејсер“ до вториот влез на селото Батинци (општина Студеничани); – во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Пандил Шишков бр. 10 и бр. 22 (општина Аеродром); – во периодот од 12 до 16 часот корисниците лоцирани во кругот на фабриката „Стаклара“ на булеварот Борис Трајковски (општина Кисела…

Read More

Рускиот милијардер Олег Тинков ја осуди „безумната” руска војна во Украина потенцирајќи оти „безумната војна не е во корист на никого” бидејќи „гинат невини луѓе и војници”. – Деведесет проценти од Русите се против таа војна, објави Тинков на Инстаграм. Тинков е основач на „Банка Тинкофф” формирана во 2006 година, кој аденес има околу 20 милиони клиенти. Тој во 2020 година се повлече од функцијата извршен директор на банката. Тинков е на списокот на лица кои се под британски санкции поради руската инвазија врз Украина.

Read More

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи…

Read More