Рускиот милијардер Олег Тинков ја осуди „безумната” руска војна во Украина потенцирајќи оти „безумната војна не е во корист на никого” бидејќи „гинат невини луѓе и војници”.

– Деведесет проценти од Русите се против таа војна, објави Тинков на Инстаграм.

Тинков е основач на „Банка Тинкофф” формирана во 2006 година, кој аденес има околу 20 милиони клиенти. Тој во 2020 година се повлече од функцијата извршен директор на банката. Тинков е на списокот на лица кои се под британски санкции поради руската инвазија врз Украина.