Author: Biljana

Очигледно дека на СОНК само парите им се важни. Не зборуваат за унапредување на правата на вработените, за условите за работа, кариерен развој. На средбите со синдикатот единствено за што се зборуваше беше усогласувањето на платите со минималната плата, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. – Правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК. Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, рече Тренчевска.…

Read More

Вакцина прилагодена на омикрон сојот на коронавирусот ќе почне да се применува во Германија од септември, изјави  министерот за здравство на оваа земја, Карл Лаутербах. Но според него, проблем е  што постојано се појавуваат нови варијанти на вирусот. „ Можно е да добиеме многу заразна варијанта на омикронот која ќе биде смртоносна како делта варијантата. Тоа би било апсолутно убиствена варијанта“, рече тој. „Ќе добиеме вакцина која ќе штити од омикрон варијантата, тоа го очекуваме во септември. Целта ни е да имаме доволно вакцини за сите граѓани, без оглед на тоа каква варијанта ќе дојде. Тогаш ќе имаме противотров и…

Read More

Од земјава досега се вкупно извезени 136 423 јагниња или 1 560 254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85 013 јагниња или 929 990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5 824 килограми. Во Хрватска се пласирани 23 193 јагниња или 283 784 килограми, во Бугарија 20 860 јагниња или 256 061 килограм, во Грција 5 542 јагниња или 69 262 килограми, во БиХ 906 јагниња или 8 283 килограми и во Албанија 513 јагниња или 7 050 килограми. Цената на…

Read More

Германската Влада соопшти дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина. Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, а повеќето од оцие средства ќе бидат наменети за Украина како воена помош. Средствата Украина најмногу треба да ги користи за купување воена опрема, јавија американските медиуми. Овој потег доаѓа по притисокот од Украина, бидејќи претседателот Зеленски денеска повторно побара повеќе оружје од земјите што го поддржуваат, но и по критиките од другите влади на ЕУ за „очигледниот недостаток на поддршка од Германија…

Read More

Шангај извести во понеделникот за првите три смртни случаи во последниот бран од Covid-19 во овој пристанишен град на истокот на Кина. Градските власти соопштија дека станува збор за три повозрасни лица кои имале и други болести. Кон средината на март забележани беа две смртни случаи во покраината Џилин на североистокот од Кина, кои се сметаат првите во земјата по повеќе од една година. Стручњаци на Западот се сомневаат во точноста на податоците за бројот на заразените и починатите од коронавирусот кои ги објавува Пекинг, според кој на 25-ти јануари 2021 година бил забележан последниот смртен случај од Covid-19. Сега…

Read More

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, порача лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција во Собранието. Рекламите за казина и обложувалници да не бидат поголеми од 50 на 30 см, а секој дополнителен квадратен метар реклама да се плаќа по најмалку 200 евра, а тие пари да се собираат во посебен фонд и да се користат за лица со поесбни потреби, вели Села. Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната…

Read More

Општината трпи последици од штрајкот на СОНК, односно кај превозот на учениците трпиме загуби и тоа Општината ја чини околу 200 илјади денари на ден што не е мала сума и тоа треба да го имаат предвид во СОНК, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Тој појаснува дека Општината обезбедува превоз за сите ученици, па ако е потребно и за две деца тој ќе им биде овозможен. -Со тоа не испраќаме порака за заплашување, ниту да се ставиме на различна страна. Општината и наставниот кадар се на иста страна. Треба да разговараат, а не да преговараат и треба да се…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг. Од 19.4.2022 година од 00:01 часот максималните…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16 и Битола – 2. Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција. Регистриран e 231 оздравен пациент од: Скопје – 101, Битола – 41, Прилеп – 24, Кичево – 13, Охрид – 8, Кавадарци и Радовиш – по 6, Штип – 5, Велес – 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија…

Read More

Екс-претседателката на црногорскиот Врховен суд, Весна Меденица, беше уапсена поради злоупотреба на службената должност откако беа објавени транскрипти на нејзиниот син во кои се вели дека ќе ги заштити неговите незаконски зделки со кокаин и шверцувани цигари, се вели во статијата на  Балкан инсајт. Меденица беше уапсена вчера на аеродромот во Подгорица, откако медиумите објавија транскрипти од размена на пораки меѓу нејзиниот син Милош Меденица и полицаецот Дарко Лаловиќ, во кои тие договарале купување на кокаин и шверц на цигари во пристаништето Бар. Во транскриптите од разговорите со помош на апликацијата за шифрирана пораки Sky ECC, Милош Меденица тврдеше дека…

Read More

Двајца британски борци заробени во Украина од руските сили се појавија на руската државна телевизија и побараа да бидат разменети за проруски политичар кој го држат украинските власти. Не беше јасно колку двајцата мажи – Шон Пинер и Ејден Аслин – можеа слободно да разговараат. И двајцата зборувале откако биле поттикнати од неидентификуван маж, јавува Ројтерс. Војниците побараа од премиерот на Британија, Борис Џонсон, да им помогне да ги врати дома  и во замена Украина да го ослободи Виктор Медведчук, олигархот и опозициски политичар кој беше уапсен минатата недела. Кремљ минатата недела ја одби понудата на Украина за размена на…

Read More

Најмалку шест лица загинаа, а осум се ранети во ракетни напади во различни области на западниот украински град Лавов, според регионалниот гувернер. Огромен чад се издига низ градот, а пожарникарите се справуваат со пожарите. Во текот на ноќта руските сили тврдат дека нападнале 315 украински цели низ целата земја, уништувајќи четири складишта за оружје и воена опрема со ракети Искандер и собориле три авиони и 11 беспилотни летала. Ниту едно од тврдењата не е независно потврдено. Украина и Русија веќе втор ден не успеваат да се договорат за хуманитарни конвои за евакуација на цивили од областите погодени од војна. Украина…

Read More