Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина денес: Русите нападнаа 315 цели, шестмина мртви во Лавов, стоп за хуманитарните конвои

0
By Biljana on April 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2022 12:47

Најмалку шест лица загинаа, а осум се ранети во ракетни напади во различни области на западниот украински град Лавов, според регионалниот гувернер. Огромен чад се издига низ градот, а пожарникарите се справуваат со пожарите.

Во текот на ноќта руските сили тврдат дека нападнале 315 украински цели низ целата земја, уништувајќи четири складишта за оружје и воена опрема со ракети Искандер и собориле три авиони и 11 беспилотни летала. Ниту едно од тврдењата не е независно потврдено.

Украина и Русија веќе втор ден не успеваат да се договорат за хуманитарни конвои за евакуација на цивили од областите погодени од војна.

Украина вети дека нејзините сили „ќе се борат до крај“ во опколениот пристанишен град Мариупол, откако истече рускиот ултиматум за преостанатите украински војници таму да се предадат.

Руските трупи рекоа дека ќе го затворат градот за влез и излез во понеделник и ќе издадат „пропусници за движење“ на оние што ќе останат, според советникот на градоначалникот.

Гувернерката на руската централна банка, Елвира Набиулинаса, изјави дека Русија планира да преземе правни дејствија во врска со блокирањето на златото, девизниот курс и имотот на руските жители.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека околу 200.000 луѓе ризикуваат да ги загубат своите работни места во руската престолнина бидејќи странските компании ја прекинаа работата или одлучија да го напуштат рускиот пазар.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повика на повеќе оружје, опишувајќи го „секое одложување“ како „дозвола Русија да ги одземе животите на Украинците“. Во своето последно обраќање, тој апелираше до земјите да испратат оружје, велејќи дека судбината на Украина „зависи од нив“.

Зеленски, исто така, во обраќањето тврдеше дека регионите Херсон и Запорожје на југот на Украина се префрлени во „зоната на рубљата“ и се подредени на руската администрација.

Зеленски тврдеше дека Украина не е подготвена да се откаже од територијата на исток со цел да ја заврши војната со Русија и призна дека битката може да влијае на целиот тек на војната.

Зеленски рече дека го поканил Емануел Макрон да ја посети Украина за сам да се увери во доказите дека руските сили извршиле „геноцид“, термин што францускиот претседател избегнуваше да го користи.

Украина го пополни прашалникот кој ќе претставува почетна точка за Европската унија да одлучува за нејзиното членство.

На интернет се појавија непроверени фотографии и видео клип во кој се тврди дека го прикажуваат рускиот воен брод „Москва“  откако наводно бил погоден од украинска ракета „Нептун“.

Конфликт Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.