Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заробените британци се појавија на руската државна телевизија барајќи да бидат разменети за Медведчук

0
By Biljana on April 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2022 13:01

Двајца британски борци заробени во Украина од руските сили се појавија на руската државна телевизија и побараа да бидат разменети за проруски политичар кој го држат украинските власти.

Не беше јасно колку двајцата мажи – Шон Пинер и Ејден Аслин – можеа слободно да разговараат.

И двајцата зборувале откако биле поттикнати од неидентификуван маж, јавува Ројтерс. Војниците побараа од премиерот на Британија, Борис Џонсон, да им помогне да ги врати дома  и во замена Украина да го ослободи Виктор Медведчук, олигархот и опозициски политичар кој беше уапсен минатата недела.

Кремљ минатата недела ја одби понудата на Украина за размена на затвореници за Медведчук, најблискиот сојузник на Владимир Путин во Украина, кој беше уапсен во операцијата што беше опишана како „молња брза и опасна“.

Одделно, украинските безбедносни служби објавија видео на Медведчук како бара Путин да го замени за украинските сили во опколениот град Мариупол.

Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година, од каде, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, побегнал на 28 февруари, четири дена по рускиот напад на Украина и оттогаш се води како исчезнат.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Борис Џонсон Виктор Медведчук Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.