Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Во текот на вчерашната вечер околу 23 часот, автобус на ЈСП број 24 и автомобил се судриле во скопската населба Кисела Вода. Автомобилот марка „пежо“ возел во спротивна насока и директно удрил во автобусот. Како што велат сведоците, возачот на автомобилот бил тешко повреден и бил во алкохолизирана состојба.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани сe 198 оздравени пациенти од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7,…
Пешачките патеки се целосно зафатени од паркирани возила што отежнува секаква интервенција за пристап до пожарот кој ги зафати објектите во поранешната фабрика Треска. Пајак-возила со полициска придружба ги отстранувале возилата, за да може противпожарните служби и итната помош да пристапат до местото на пожарот. Во овој дел не се внимава и најголем дел од возилата се непрописно паркирани. Тротоарите и пешачките патеки се целосно зафатени од нив што отежнува секаква интервенција во вакви моменти.
Голем пожар зафати дел од објектите на Треска, а екипите на противпожарната се на терен и интервенираат, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. -Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен и интервенираат станува збор за голем пожар, екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно, напиша тој. Герасимовски заради настанатиот метеж во овој дел апелира оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот.
„Животот мора да ја добие војната. Вредностите мора да ја победат војната. Европа мора да ја добие војната. И ние ќе победиме.“ Ова е пораката на претседателот на Украина Володимир Зеленски кој со негов избор на фотографии и денеска ги сподели со светот страдањата на неговите сограѓани Украинци во војната што ја поведе Русија против нивната држава.
„Силен е мобингот во детските градинки, па вработените не молат да не го споменуваме нивниот објект за да не се открие дека се жалат и поради тоа не можеме да го откриеме нивниот идентитет, изјави на денешната прес конференција претседателот на СОНК Јаким Неделков. „Ќе ги повикам надлежните да вршат мониторинг за време на генералниот штрајк, да влезат во градинките и да проверат што се случува таму за јавноста да се увери во вистинитоста на ова што го зборуваме. Доволно се едуцирани вработените во градинките и нема потреба некој од МТСП да ги потсетува какви се нивните обврски, вели тој.…
„Албанија има право да го дигне гласот за можноста по јуни Македонија да биде раздвоена од заедничкиот пакет на двете земји за отпочнување на преговорите со ЕУ“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи . – Одлуката за раздвојување не е ниту на Албанија ниту на Македонија, тоа е одлука на змејите-членки на ЕУ за тоа дали Албанија ќе ги започне преговорите во јуни. Но тоа не е од интерес на Албанија, затоа што овие состојби се циклични. Некогаш ние ја влечеме Албанија, некогаш Албанија не влече нас. Албанија има право да го дигне гласот, но сум свесен дека го…
На 13.04.2022 околу 23.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Главинов“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Вита Поп – Јорданова“ и мост кој ги поврзува со кеј „Маршал Тито“ во Штип, патничко возило „матиз“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(47) од Штип, удрило во пешаците Р.К.(70) и Г.Т.П.(62) од Штип. Во несреќата, Г.Т.П. се здобила со тешки телесни повреди, а Р.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица во Штип.
Во општина Липково набавен е камион за собирање и транспорт на цврст отпад, канти и 10 контејнери. „Општина Липково во партнерство со Јавното претпријатие „Моравица“ од Прешево, Република Србија потпишаа договор за грант во вкупен износ од 253,762 Евра кои 85 отсто од средствата се финансираат од Европската унија и 15 проценти од кофинансирањето се врши преку Министерството за локална самоуправа“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Преку овој проект освен возило за собирање на смет со капацитет од 4-6 метри кубни, 10-те контејнери со капацитет од 1100 литри, и 850-те канти за смет со капацитет од 120 литри,…
„Се до моментот додека немаме конечно решение не можеме да зборуваме за пренамена на средствата, затоа што СОНК покрај зголемувањето на платите имаат и други барања“, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. „Социјалниот дијалог продолжува. Колективниот договор завршува на 28 јуни и таму ќе се внесат сите барања кои се оставени од СОНК до Министерството за труд и социјална политика, и ќе го донесеме најсоодветното решение, додаде министерката Тренчевска, која заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Здужението „Банка за храна“, денеска поделија пакети со основни прехранбени и хигиенски производи на 150 семејства…
Вработените во „Македонски пошти“ кои денеска почнаа со штрајк за зголемување на платите од 3.000 денари се договорија со управниот одбор на акционерското друштво и ќе може да очекуваат поголема плата од јули. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски рече дека со раководството на Македонска пошта договориле да изработат и нов колективен договор, со цел вработените кои не доаѓаат на работа, да се спречи да земаат плата. – Ќе се потрудиме да нема работници кои не идат на работа, а земаат плата на штета на останатите работници, а да трпиме критики како не сме продуктивни. Инаку, барањето…
„Барањето на СОНК е легитимно, и покачување на платите ќе има. Социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи. Но, приоритет за мене како министер се учениците и нивното враќање во училишните клупи“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој денеска се обрати на синдикалците од СОНК со молба и апел да овозможат да се вратат ученциите на настава. Најдобар интерес е учениците да се вратат во училниците, истакна министерот Шаќири и посочи дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и ќе побара од нив да дозволат да се вратат учениците на настава. -Апелирам до СОНК да им овозможиме на…