Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во „Програма 200“ на телевизијата „Алсат-М“. „Да мислевме дека платите не треба да се зголемат, ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК, и ќе ги прекиневме преговорите. Но, тоа не го направивме. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза, и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме…
Неправилни декларации на производите, неиспитани производи, незаинтересираност кај матичните лекари, покачување на цената на брашното, високите цени, недоволно производи и немање на реагенси за антитела – се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата заболени од Целијаклија, хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен. Сара Каракамчева, претседателка на Здружението на целијакличари вели дека со моментално поскапената храна и кај нив се зголемиле двојно трошоците. „Терапијата на месечно ниво ако го земеме само брашното изнесува 3840 денари само за него. Цените се високи и за посебни зачини, посебна козметика, посебни млечни производи. Има и незаинтересираност кај рестораните…
Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“, порача дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Северна Македонија, особено за нејзината економија. -Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна…
Договорот од Преспа вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди и го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка и непријателството во сојузништво, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“, пренесува МИА. Тој вели дека „има точки каде се соработува и напредува многу брзо, има и точки каде соработката е со умерено темпо“, истакнувајќи дека сепак, напредокот е очигледен и нема застој, нема назадување. На прашањето за Договорот од Преспа, одговара со неколку прашања, „дали пред 2018 година бевме соседи кои не се слушаат, кои не комуницираат и кои имаат непријателски однос едни кон…
На 12.04.2022 во 21.15 часот во с.Зубовце, општина Врапчиште, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.С.(40), Ј.С.(39) и М.А.(43), сите од с.Калиште, општина Врапчиште. При преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“, со италијански национални ознаки, во кое биле тројцата, биле пронајдени и одземени 14 опаковки кокаин. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Седум години од кога беа објавени првите „бомби” од СДСМ, не видовме речиси никакви пресуди во случаи на корупција и криминал на високо ниво, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес конференција каде објави податоци од нивното истражување за, како што наведе, „заробувањето на судскиот систем од ДУИ”. Според него, за случаите „Маџар Телеком” против Али Ахмети и Муса Џафери, случајот „Пациент” против Бујар Османи и случајот „Титаник 3″ против Ејуп Халими, сите се амнестирани. – Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ. Значи, тоа што…
Полициски службеници од Полициската станица Карпош, вчера (11 април), го лишиле од слобода Е.О.(33) од Скопје, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во Педагошкиот факултет, при што одзел повеќе предмети, информираат од МВР. – Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Исто така, тој се сомничи дека околу 18.00 часот одзел предмети од двор на куќа на ул.„Алжирска“, a и овие предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР. |
На 08.04.2022 од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Гевгелија во Гевгелија беше спречен транспорт на 16 килограми марихуана во вредност од 50 илјади евра, која требало да биде транспортирана од нашата држава до Република Грција, како крајна дестинација, при што лишени се од слобода две лица. Имено, по преземени мерки и активности во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,…
Го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. -Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21 отсто, напиша тој. Како што објави Ковачевски, отворени се за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства.
Советот на Општина Крушево на последната седница одлучи да продаде три постари возила, едно патничко, едно товарно возило и камион, со цел заштеда на дополнителни средства во буџетот. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, одржувањето на овие возила е скапо, а Општината може да функционира и без нив. Тој напомена дека можеби не се големи суми, но ставот да се заштеди е многу битен. -Со оваа одлука ќе заштедиме дополнителни средства во буџетот на општината. Не се работи за големи суми, но сепак, во време на криза, дополнително се насочуваме кон штедење, вели Христоски, додавајќи дека средствата ќе се насочат каде…
Пилотот на хеликоптер Бабис Анагностопулос преправајќи се дека не знае дека неговата сопруга е мртва неколку моменти откако полицијата пристигнала во брачниот дом на парот каде самиот тој лажирал кражба, денеска е сослушан во судот во Атина. На почетокот на вториот ден од судењето на Анагностопулос за убиството на Керолин Крауч (19), полицаецот Христос Вардикос откри како откако влегол во домот на парот во Атина и се упатил кон спалната соба на горниот кат, ја видел Керолин како лежи на кревет врзана додека нејзиното бебе Лидија било покрај неа, го допирало нејзиното тело и немо гледало. Службеникот изјави пред судот…
Во Велика Британија околу 30.000 пациенти со тешка форма на ковид-19 се лекуваат со високо ефективни „современи“ антивирусни средства кои делуваат на симптомите на ковид и гарантираат подобрување „во рок од неколку часа“ објави Британската национална здравствена служба. Во февруари, Британија одлучи да го прошири пристапот до оралниот антивирусен лек на Pfizer против ковид, Paxlovid, и да го примени за лекување на илјадници Британци со компромитиран имунолошки систем. Паксловид го намалува ризикот од смрт или хоспитализација за 88 проценти Здравствената служба денеска објави дека досега набавила близу пет милиони дози Паксловид и други слични антивирусни лекови, како што е Молнупиравир.…