Полициски службеници од Полициската станица Карпош, вчера (11 април), го лишиле од слобода Е.О.(33) од Скопје, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во Педагошкиот факултет, при што одзел повеќе предмети, информираат од МВР.

– Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Исто така, тој се сомничи дека околу 18.00 часот одзел предмети од двор на куќа на ул.„Алжирска“, a и овие предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.
|