Го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21 отсто, напиша тој.

Како што објави Ковачевски, отворени се за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства.