Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
„Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата за Денис Тот“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конфереција. Тој упати сочувство кон семејството на починатиот ракометар Денис Тот. Спасовски вели дека ги отфрла сите шпекулации за наводно покривање на овој случај и застој во истрагата. „Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истражните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно…
Резултатите од антикризните мерки на Владата се видливи во континуитет. Поради владините одлуки со кои се намали акцизата и ДДВ за нафтени деривати, се амортизираа ценовните разлики и од денес цените на горивата се намалени. Дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар. Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива. Во услови на светска енергетска криза, Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова се само дел од резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата за заштита на животниот стандард на граѓаните и…
Прогресивниот синдикат на образование при Сојузот на синдикати на Македонија смета дека во моментот линеарното зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 2.800 денари е најодржливото решение. Бараат со Законот за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во образованието, процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата, да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време. – Доколку СОНК го поддржи ова наше барање ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а се разбира ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во…
Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме. Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд,…
Пензиите и во иднина ќе продолжат да се исплаќаат предвремено, на крајот на месецот, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која денеска се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација-Скопје. На почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид 19, со цел спречување на ширење на вирусот, со Заклучок на Владата на РСМ, беше однесена одлука, за предвремена и етапна исплата на пензиите, на крајот на месецот, за пензии кои се однесуваат на тековниот месец. На средбата се потврди добро воспоставената соработка, со заклучок дека таа ќе продолжи и понатаму. За Министерството за труд и социјална политика, грижата за…
Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Северна Македонија“ во тетовска Мала Речица. Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени. – Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираа Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот.
„Не водиме евиденција колку има масло во земјава“, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната прес-конференција. -Ние сме задолжени за политиките кои се однесуваат во делот на производството на земјоделските производи. Ние сме насочени кон производство на храна дома. Треба да престанат лажните вести. Оваа криза ги погодува сите земјоделци. Доста со омраза и поделби. Ова е време кај што треба да се помогне . Државата се грижи да има доволно леб, брашно, јајца, масло, дополнува тој. Како што кажа Николовски, се очекува Србија да ја крене рампата за Македонија. „Ние сме во постојана комуникација со Србија, наша единствена…
Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме. Ова е одговорот од министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата. На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се испорачува во повеќе фази. – Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста…
Сериозен притисок за прекин на штрајкот во неколку детски градинки во Скопје и во внатрешноста. Од СОНК алармираат дека, на првиот ден од штрајкот во образованието, воспитувачки од градинките во Општина Центар, во градинката „Орце Николов“ во Карпош, како и негователки и воспитувачки во повеќе градинки во Општините Валандово и Гевгелија добивале притисоци да го прекинат штрајкот и да се вратат на работните обврски за да ги згрижат децата. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека членови на синдикатот вработени во градинките пријавиле оти им бил вршен притисок да го прекинат штрајкот. Тој најави дека ќе поднесат и кривични пријави…
Некредибилниот премиер најмалку што требаше да направи е да се извини, заедно со вистинскиот премиер кој што денеска си ги троши парите кои видовме како се стекнувале, истакна при денешната посета на општина Кочани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали очекува да има правда за случајот „Пошти“ и поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири. „Најмалку што очекувам беше овој некредибилен премиер да се извини бидејќи неговиот генерален секретар е фатен во тежок криминал и најмалку што требаше е да излезе пред граѓаните и да се извини заедно со тој кој што…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 19, Прилеп – 2, Гостивар и Свети Николе – по 1. Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција. Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1 Во…
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а бензините поевтинуваат за денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,4 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денара за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 78,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,127…