„Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата за Денис Тот“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конфереција.

Тој упати сочувство кон семејството на починатиот ракометар Денис Тот.

Спасовски вели дека ги отфрла сите шпекулации за наводно покривање на овој случај и застој во истрагата.

„Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истражните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно расчистување на случајот а тоа е со поднесување пријави“, вели Спасовски.