Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Руското Министерство за одбрана се обиде да ги отфрли обвинувањата за наводни убиства на цивили во градот Буча, во близина на Киев. Во услови на широко распространета осуда од западните лидери по откривањето на телата по повлекувањето на руските трупи од градот, Министерството за одбрана на Русија сугерираше дека сцените се „последната провокација“ од Украина. Тие тврдат дека ниту еден локален жител не станал жртва на насилни акции додека го окупирал градот – и рече дека руските сили се повлекле на 30-ти март. Се вели дека фотографиите и видео снимките се „последната лага од режимот во Киев“. Би-Би-Си е меѓу…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг убиствата на цивили во градот Буча северозападно од Киев ги оцени како неприфатлива „бруталност“. „Тоа е бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении. Ужасно е и апсолутно неприфатливо да се пука во цивили и да се убиваат едни со други. А тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“, рече Столтенберг за Си-Ен-Ен. И Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека фотографиите од големиот број Украинци убиени во Буча се ужасни и дека оние што ги извршиле тие убиства ќе одговараат за воени злосторства. „Не смееме…
196 нови случаи на Ковид-19 биле регистрирани во последните 24 часа, информира Институтот за јавно здравје. Направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 38 реинфекции. Во последното деноноќие починал 81-годишен битолчанец. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.
За првпат во Зоолошката градина во Скопје се роди младенче од видот двогрба камила (Бактријан). Како што информираат од Зоо-Скопје, младенчето се родило пред една недела. „Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“, стои во објавата на Фејсбук.
Успешно функционира сервисот за домашна посета на стари лица и лица со попреченост во Куманово. Проектот за домашна посета, помош и поддршка на стари лица и лица со попреченост во нивните домови се реализира во соработка со „ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ и НВО „Порака Наша“. „На територија на Општина Куманово старите лица и лицата со попреченост сега имаат можност за алтернатива на институционалното сместување во дом или друг вид институција и со помош од обучен неговател можат нормално да живеат во своите домови. Вкупно 32 семејства се опфатени со ваквите посети од обучени и сертифицирани негователи кои…
Папата Франциск повторно ја осуди „сакрилегиозната војна“ во „маченичката“ Украина. „Се молиме за мир додека размислуваме за хуманитарната трагедија на маченичката Украина, која сè уште живее под бомбите во оваа сакрилегиозна војна“, рече Франциск по мисата одржана на отворено во престолнината на Малта, Ла Валета пред најмалку 12.000 луѓе. Папата во саботата ја осуди руската инвазија, потсетувајќи на „сите оние моќни луѓе кои, за жал, се заробени во нивните анахрони претензии со националистички интереси зад себе“, што „поттикнува конфликти“. Светиот отец го осуди „привлекувањето на автократијата“ и „новите империјализми“ кои му се закануваат на светот со „голема студена војна која…
Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута. Додека Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи. Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена. Вицепремиерот и министер за фин ансии Асен…
Во кампот за обука „Пепелиште“ почна националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана. На вежбата ќе учествуваат околу 1100 припадници од Армијата, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда…
Истакнати лекари дебатираа на тема „Состојбите во здравството“ на денешната трибина која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци, рече доктор Миленко Костов кој посочи дека протоколите за лекување на Ковид-19 се жива материја и оти постојано треба да се адаптираат во зависност од ситуациите што ги носи секоја варијанта на вирусот. „Во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат…
Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори, предвремени парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини, а право на глас имаат 6.502.307 граѓани, кои гласаат на 8.267 избирачки места. Избирачките места се отворени во седум часот, а граѓаните го остварат своето гласачко право до 20 часот. Според податоците на РИК, до 10 часот гласале 9,59 отсто од гласачите. Според набљудувачите од ЦРТА и невладината ОСА на изборите до 10 часот се забележани неколку помали неправилности околу непочитувањето на процедурите, сликање на гласачките ливчиња, користење на мобилните телефони во Нови Сад, физичка пресметка во Нови…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посочи дека лица вработени во македонски институции се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не е потребен целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг. „Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не потребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту…
Шест кандидати за амбасадори биле одобрени на последниот состанок на Владата. Информацијата денеска ја потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Јас не смеам да коментирам или да откривам имиња. Ќе ги објавиме кога ќе добиеме одобрување од земјите каде треба да бидат испратени“, рече Османи во одговор на новинарско прашање. Дел од медиумите неделава објавија дека Владата го прифатиле предлогот поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, да биде нов македонски амбасадор во ЕУ. Додека, пак актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а амбасадорското место во Вашингтон ќе биде…