Author: Biljana

ЕУ најавува можни санкции за Русија.  Москва нема да има пристап до финансиските пазари и високотехнолошките производи под санкциите што Западот ги подготвува во случај Русија да ја нападне Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на безбедносната конференција во Минхен. Таа ова го изјави во време на зголемени тензии околу намерите на Русија кон Украина и по вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека е убеден во одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да изврши инвазија. Фон дер Лејен даде детали за планираните санкции на годишната безбедносна конференција во Минхен, каде што зборуваше и…

Read More

Најмалку девет лица загинаа, многумина од паднати дрвја, во невремето што ги погоди Ирска, Велика Британија, Белгија и Холандија. Околу 400.000 лица во Британија останаа без електрична енергија. Тимови во Западна Европа денеска ги отстрануваа паднатите дрвја и работат на враќање на електричната енергија по една од најразорните бури во последните години. Британските и ирските метеоролошки служби бурата ја нарекоа Јунис, а германските бурата што вчера го зафати регионот ја нарекоа Зејнеп и е втора голема бура за една недела. Ветерот урна црковна кула во Велс на југозападна Англија, откорна делови од куполниот покрив на лондонската О2 Арена, собори дрвја…

Read More

Ковачевски на средби со високи функционери од ЕУ и САД. Пријателството меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и сојузништвото во НАТО се силни влогови за безбедноста и стабилноста, напиша премиерот Димитар Ковачевски по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Обединетото Кралство, како што посочува премиерот Ковачевски, е наш стратешки партнер, и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка. „Премиерот Џонсон ни честиташе за сите наши заложби за спроведување конструктивен дијалог кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за евроатланска интеграција“, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук. Ковачевски се сретна и со претставничката…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. „Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис. Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО“, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук-профил. Државниот секретар Блинкен, додава премиерот, ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја споделил својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. „САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, напиша премиерот Ковачевски…

Read More

Министерот за здравство Беким Сали и заменик министерот Владимир Рендевски ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола. „Се намалува пикот на четвртиот бран, а епидемиолошката состојба благо се подобрува“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Според министерот, серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, а од тоа ќе зависи и носењето нови препораки и мерки. „Епидемиолошката состојба во цела држава благо се намалува, односно се намалува пикот од четвртиот бран. Нивото на вакцинација и целосна имунизација кај нас е пониска од државите членки на ЕУ. Ние посакуваме позитивни…

Read More

По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци. „Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено по проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“, изјави поранешниот министер за здравство, неврохирургот Венко Филипче, по наводите во медумите дека добивал закани по живот. Претходно, дел од медиумите повикувајќи се на високи извори од Министерството за внатрешни работи, објавија дека Филипче имал смртни закани и самиот побарал полициска заштита.

Read More

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви минатата година се зголемени, додека банкарскиот систем, исто така, е стабилен. Ова се заклучоците за монетарниот дел на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во извештајот во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава ‒ „ББ-“, со стабилен изглед. Како што се наведува во извештајот на агенцијата, домашната побарувачка е главен фактор на економскиот раст, во услови кога курсот на монетарната политика сѐ уште е олабавен, заради обезбедување доволно простор за постојано економско закрепнување. Исто така, во извештајот се птоенцира дека нема промени во фиксниот курс на денарот, додека девизните резерви минатата…

Read More

Зеленски присуствува на Безбедносната конференција во Минхен. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да одговори на провокациите во источниот регион Донбас и дека ќе се обиде да воспостави мир преку дипломатски пат. „Не одговараме на провокации и се обидуваме да воспоставиме мир исклучиво преку дипломатија“, напиша Зеленски на својот Инстаграм профил. Зеленски отпатува во Германија за да присуствува на Безбедносна конференција во Минхен, додека неговата земја се подготвува за евентуален воен напад од Русија, која има распоредено повеќе од 100.000 војници во близина на украинските граници. Русија ги отфрла тврдењата дека планира инвазија врз Украина.

Read More

Тие се суспендирани од работа.  Полицискиот инспекторат на Косово соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој ненамерно бил убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што информира Инспекторатот, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна седенка во селото Златар, на која синоќа на полноќ беше убиен полицаецот од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега. Ниту еден од 15-те полицајци, кои присуствувале синоќешната седенка не бил таму во својство на службено…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска, во рамките на 58-та Минхенска безбедносна конференција се сретнa со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хоекстра. Ова е воедно прва средба на двајцата министри, по неодамнешното назначување на Хоекстра на оваа функција. На состнокот беа разменети мислења за европското досие на земјата, билатералните односи, а стана збор и за актуелните безбедносни предизвици. „Како сојузници во НАТО ние ги споделуваме истите вредности и Холандија е наш важен партнер. Постигнавме силни билатерални врски, а Холандија стана наш посветен поддржувач во нашите напори за интеграција во ЕУ. Силно ја цениме холандската поддршка во…

Read More

Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија. Како што изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во „Стадион“ на Канал 77, најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. „Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив…

Read More

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија. Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример. Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Сепак, според Петар Стојанов, предизвиците денес се нови. Петар Стојанов беше претседател на…

Read More