Author: Blerina Tahiri
Зошто Мицкоски и Палчо се сретнувале, за што разговарале, колку пати имале средба – ова се прашањата кои останат неодговорени откако Мицкоски пред новинарите одби да даде одговор и замина од лидерската средба во понеделникот. Таинствениот однос на Мицкоски за нивната средба предизвика загриженост и повици за транспарентност од медиумите и јавноста.
Терористичкиот напад од 7 октомври врз Израел покажа дека статус-квото на Блискиот Исток е исто толку опасно колку што е неодржливо. Мирот меѓу Израел и Палестинците, врз основа на решение со две држави, не е само возвишен дипломатски сон, за доброто на глобалната стабилност во дваесет и првиот век, туку е практична политичка неопходност. Пишува: ЈОШКА ФИШЕР / Project Syndicate Терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври го смени мислењето кај многумина за условите за мир во Блискиот Исток и пошироко во светот. Сé уште се опоравуваме од ужасите од тој ден. При започнувањето на својот напад, Хамас лесно ги надмина високотехнолошките…
Премиерот Ковачевски, денеска во рамки на работната посета на Брисел, се обрати во Европскиот Парламент пред групата на европратеници, членови на Прогресивната алијанса на Социјалисти и Демократи на дебата посветена на проширувањето на ЕУ. На обраќањето присуствуваше и вицепремиерот Бојан Маричиќ. Премиерот Ковачевски во своето обраќање зборуваше за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, политиките кои ги спроведува Владата и кои нудат солидарност, социјална правда и еднаквост, олицетворени преку мерките за поддршка во справувањето во услови на зголемени трошоци на живот, инвестициите во енергетиката, инфраструктурата и во другите области кои ги донесе Владата. Ковачевски воедно говореше за посветеноста…
Министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша барањето за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски кој беше уапсен во Турција.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува за минимум 20-тина отсто да се зголемат откупните цени за тутунот и да достигнат до 400 денари за откуп на килограм тутун од прва класа и најавува нови мерки за тутунопроизводителите.
САД го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Европа е изложена на зголемена терористичка закана поради војната во Газа, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. „Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, нагласи еврокомесарката. Јохансон како пример го посочи нападот со нож во саботата во Париз, во кој загина германски турист и беа повредени уште двајца, како и други инциденти. Еврокомесарката најави дека ќе бидат доделени дополнителни 30 милиони евра за заштита на клучните места, како што се верските. Се очекува министрите…
Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. -И министерот Спасовски и обвинителот вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека децата не ни се безбедни. Децата се безбедни, меѓутоа токму и за тоа зборевме и на панелот дека новото време носи нови предизвици. Развојот на ИТ технологијата, социјалните мрежи навистина наместо да ја подобрат информираноста кај граѓаните, тие преку лажните вести, говорот на омраза создаваат дури и проблеми кај менталното здравје кај голем дел од…
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити присуствуваше на првата министерска конференција на 28. Конференција на страните на рамковната конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Министерството за образование и наука (МОН) изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете, кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се наведува во денешното соопштение на МОН.
Вкупно 512 деца се убиени, а над 1.152 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, соопштија од Украинското државно обвинителство, јавува дописникот на Укринформ. „Заклучно со 5 декември 2023 година, според податоците на обвинителите за малолетници, загинале вкупно 512 деца, а над 1.152 се здобиле со повреди со различна тежина“, се наведува во извештајот. Овие податоци не се конечни, ниту пак се истражуваат во областите на воените дејствија, привремено окупирани и ослободени области. Во моментов, најмногу жртви се регистрирани во регионот Доњецк (497), регионот Харков (304), регионот Керсон (139), регионот Киев (129), регионот Запорожје (100), регионот Миколаев (97), регионот…
МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци, соопштија од МВР. – Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се…
