Author: Blerina Tahiri
Секоја година, на 21 ноември, во Украина се одбележува Денот на Достоинството и Слободата, токму на овој ден со интервал од девет години започнаа два судбоносни настани за Украина: Портокаловата револуција од 2004 година и Револуцијата на Достоинството во 2013 година.
Од Мисијата на ОБСЕ на Косово соопштија дека го добиле писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември. Во Косово, за десет месеци се извршиле напади врз 120 полицајци, според статистичките податоци на косовската полиција. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот избор. Зери: ОБСЕ го…
По средбата со семејствата на Израелците кои ги милитантната група Хамас ги држи како заложници во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна својата посветеност за обезбедување на нивното ослободување, нарекувајќи го „света и врвна мисија”.
Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.
Студените ноемвриски ноќи на Евромајдан ја променија Европа засекогаш, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во видео обраќањето по повод 10-годишнината од почетокот на протестите на плоштадот Евромајдан во Киев, додавајќи дека станува збор за изминати 10 години на достоинство, гордост и стремеж за слобода.
Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ На една од панел дискусиите минатата година во ЦИВИЛ, непосредно по протестите за таканаречениот „француски предлог“, се дискутираше токму за говорот на омраза насилството што се поттикнува, од собраниската говорница. Учесници на панелот беа пратеници од неколку пратенички групи, кои меѓу другото, изразија спремност и да простат за навредите и говорот на омраза што се слушнаа од говорницата во собрание, во прилог на решавање и нормализација, и понатамошната работа на собранието, т.е. пратениците. Ги прашав, дали постои некакво тело, комисија за санкции за непримерно однесување, насилство, говор на омраза итн., одговорија дека размислуваат да формираат такво тело. Стана збор и…
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Дел од насловот е земен од партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое од белата палата на вмровците за инцидентот што го предизвика Левица во Собранието велат дека е, обрнете внимание – исцениран и на него гледаат како на „евтина провидна и договорена драма со ДУИ и СДСМ“. Мицулињата знаат дека Левица е таа која им чепка во гласачкото тело од нивните телиња. Но, просто за неверување е како ги потценуваат нормалните гласачи и со очигледни марифети се обидуваат да ја залепат Левица за други партии, во обид да чепнат и кај неопределените. А вмрото и левица ти е…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 131 илјада во третото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 6.6 %, во приградскиот превоз е зголемен за 0.5 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 3.1 %, а во меѓународниот превоз за 38.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето стапува во сила на 20 ноември 1989 година. Оттогаш, овој датум се одбележува како Светски ден на децата.
Министерството за здравство во Зимбабве денеска соопшти дека во таа земја се регистрирани над осум илјади случаи на колера, додека од февруари 152 починале од таа болест.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во пресрет на Меѓународниот ден на детето 20 Ноември, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Иван Митровски, учествуваше на официјалното отворање на Доградба на објект „Кокиче “ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во Општина Кисела Вода.
