Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата, ги зголемуваме капацитетите на градинките во целата држава

0
By Blerina Tahiri on November 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2023 15:25
Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во пресрет на Меѓународниот ден на детето 20 Ноември, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Иван Митровски, учествуваше на официјалното отворање на Доградба на објект „Кокиче “ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во Општина Кисела Вода.

Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека е среќен од можноста на Светскиот ден на детето, точно да кажеме што Владата има направено за нашите најмали.

„Грижата за секое дете е  врвен приоритет на Владата. Секое дете заслужува еднаква основа и услови за развој, а пристапот до квалитетно образование од најрана возраст не е привилегија, туку право на секое дете. Според УНИЦЕФ, образованието не започнува во прво одделение, развојот на „некогнитивните вештини“, како, интелектуална љубопитност, истрајност, социјални вештини и емотивна стабилност во детството и адолесцентските години се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, изјави Битиќи.Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата продолжува да ги зголемува капацитетите на градинките во целата држава и да вложува во развојот на децата уште од најрана возраст, каде тие ќе бидат згрижени според најсоодветните стандарди за вршење на оваа дејност.

„Покрај доградбата на овој објект „Кокиче“, во кој Владата преку Министерството за труд и социјална политика инвестираше над 1 милион и 300 илјади денари за доградба на овој образовен објект со  кој ќе се прошири капацитетот за уште 56 деца од Кисела Вода, од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места“, изјави вицепремиерот Битиќи и додаде дека во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки, а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76.

„Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите“, заклучи Битиќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.