Author: Blerina Tahiri

Северна Македонија е лакмус тестот за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на министерска конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин.

Read More

Детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки, како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и претставниците на Општина Тетово.

Read More

Она што се случи во средата навечер во директниот пренос на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, уште еднаш ги докажува дивергенциите што постојат во нашето општество, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дритон Зенку, коментирајќи го синоќешниот телевизиски скандал на Канал 5 телевизија, во кој директорот на овој медиум побара еден од поканетите гости да го напушти студиото. Тие се рефлексии на моментот кои ја вадат оваа појава на површина. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани е активен на јавната сцена повеќе од две-три децении и е сведок на меѓуетничка омраза од почетокот на политичкиот плурализам, но и порано. Рамадани…

Read More

Исмет Рамадани со своето гостување на Канал 5 телевизија покажа дека поддржувачите на слободата на говорот, политичката аргументација и квалитетната дебата се уште се борат со минатото, регресијата и цензурата, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дестан Јонузи, по повод немилиот инцидент во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која се вмеша директорот Иван Мирчевски и буквално го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Како мирољубив човек кој верува во демократските вредности и човековите права, Рамадани во телевизиската дебата сакаше да ја објасни својата теза за изградба на заедничка држава, како и за почитување…

Read More

Сефер Селими од Демокраси Лаб на својот Фејсбук профил објави своја реакција за синоќешниот скандал во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. „Секој кој има грам достоинство и интегритет како јавна личност не треба да прифати покана за било каков настап во Канал 5 Телевизија, без тие јавно и недвосмислено да му се извинат на Исмет Рамадани  и без оставка од нивниот директор.“, напиша Селими. Преземено: Цивил Медиа

Read More

Во интервју за ЗЕЛЕН Цивил, проф. д-р Огнен Марина, професор на Архитектонски факултет Скопје, зборуваше за образованието како клучен сегмент за зелената транзиција на Северна Македонија. Професорот, посочи дека ни е потребен мултидисцилинарниот пристап кон Зелената агенда за да имаме шанса за подобра и позелена иднина. Со проф. д-р Марина, зборувавме и за потребата од политички консезус за зелените прашања, можните злоупотреби, но и предизвиците и перспектвиите за зелените политики и процеси. ЗЕЛЕН Цивил: Колку е реална зелената агенда на Северна Македонија? Огнен Марина: Зелената агенда секогаш треба да се разгледува во одреден контекст кој што во случајот со нашата држава има…

Read More

Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на поранешните советници на поранешниот претседател Хашим Тачи, што косовските медиуми го нарекоа нов бран рации и опасен преседан. Во Косово се одвиваат протести – веќе десет дена протестираат рударите од Трепча, а по протестите Специјалната единица за интервенции на полицијата, денеска на протести излегоа и од Специјалната оперативна единица на КП, пишуваат косовските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО РТВ 21: Нов бран рации во Косово Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работна средба со министерот за правда на Република Грција, Јоргос Флоридис.

Read More

Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски, реагира во објава на Фејсбук Замир Мехмети за вчерашниот инцидент во емисијата Само вистина.

Read More

Професорката и колумнистка, Емилија Целакоска, во објава на Фејсбук, „користејќи“ го слоганот од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „ВАЖНО Е!“, реагира на инцидентот предизвикан од директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски.

Read More

Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство.Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат, напиша на својот Фејбук профил Љубчо Георгиевски претседател на ВМРО НП.

Read More