Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(РЕАКЦИИ) Дритон Зенку: Забелешките на Рамадани беа разумни, во „Само Вистина“ точно е дека често се фрла жолчка против Албанците

0
By Blerina Tahiri on November 2, 2023 ВЕСТИ, МЕДИУМИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2023 14:39

Она што се случи во средата навечер во директниот пренос на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, уште еднаш ги докажува дивергенциите што постојат во нашето општество, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дритон Зенку, коментирајќи го синоќешниот телевизиски скандал на Канал 5 телевизија, во кој директорот на овој медиум побара еден од поканетите гости да го напушти студиото.

Тие се рефлексии на моментот кои ја вадат оваа појава на површина. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани е активен на јавната сцена повеќе од две-три децении и е сведок на меѓуетничка омраза од почетокот на политичкиот плурализам, но и порано. Рамадани излезе од себе условно кажано, поради фактот што сенката на македонскиот национализам го следи повеќе од три децении. Оваа оценка не е обид за амнестија на Рамадани, но вистината мора да се истакне. Рамадани е влијателен политички аналитичар и се занимава со појавите кои се случуваат во општеството. Забелешките на Рамадани беа разумни, бидејќи во „Само Вистина“ е точно дека често се фрла жолчка против Албанците, нагласува Зенку.

Според него, водителот на емисијата Александар Видиновски објасни дека се оградува од антиалбанските квалификации, а факт е дека водителот на емисијата може само толку од својата улога.

Модераторот на емисијата не може да ја преземе улогата на судија и да ги запре интерпретациите на гостите. Она што модераторот може да го направи е да ги оддалечи евентуалните коментари на гостите од уредувачката политика на медиумот. Скандалозна беше интервенцијата на директорот на телевизијата Канал 5, Иван Мирчевски, кој докажа како раководи со медиумот. Диктатурата и железната рака не се модел за функционирање на медиумите во недемократските земји. Од неговиот диктат се наметнува прашањето каква автономија имаат новинарите на оваа телевизија. Но, случајот со Мирчевски докажува каква улога имаат директорите на медиумите, во случајов, националните телевизии во Северна Македонија. Тие имаат тенденција да се однесуваат како луѓе со апсолутна моќ. Токму дотичниот во еден случај имал храброст да интервенира кај раководителот на институцијата во која е вработена неговата сопруга, да побара од него да не му се доделуваат работни обврски. Друг момент што би сакал да го истакнам е случајот со подготовката на новиот закон за медиуми. Директорите на националните телевизии со концесија за дигитален терестријален мултиплекс, имаа ексклузивен пристап – исклучување на другите медиуми во однос на финансирањето од државата. Нивното влијание ги забрани онлајн медиумите, со закани од типот, објавување војна против нив и соборување на владата, вели тој.

Затоа, додава тој, државата треба да има доволно храброст да не дозволи недопирливи групи да лобираат.

Во демократските држави, законот е ист за сите, дури и за директорите на медиумите, потенцира Зенку.

Дестан Јонузи

Преземено: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.