Author: Blerina Tahiri

Колку терористите на Хамас се грижат за Палестинците покажува видеото објавено од бригадите Ал-Касам (военото крило на Хамас) кое покажува како ги откопуваат водоводните цевки, кои пред неколку години беа поставени со помош на ЕУ, наменети за Палестинците од Газа да имаат пристап до чиста вода, и ги користи за изработка на ракети кои неселективно се истрелуваат кон Израел.

Read More

Косовската претседателка Вјоса Османи на средбата со двајцата американски сенатори, Џин Шахин и Питер Велч, побара Србија да даде одговорност, а терористите да се предадат на Косово. Американската аналитичарка Ивана Страднер изрази загриженост за пишувањата на руските медиуми дека Србите во Доњецк формираат разузнавачко-диверзантска група, пишуваат косовските медиуми.

Read More

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска 13.10.2023 година (петок) ќе оствари средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја, која ја сочинуваат претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, Лоте, и Корејската трговска и индустриска комора.

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Пак не штракна од земја Апелацискиот суд со прифаќањето на жалбата од Гордана Јанкулоска и отпуштањето од затвор од 1 ноември. Си поигрува Апелација и вели ќе имала Горде условен отпуст до 28 септември в година ако. пази ваму, не стори ново кривично дело.

Read More

„Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.

Read More

Пишува:ЏАБИР ДЕРАЛА Следејќи ги јавните реакции на најновиот крвав конфликт во Израел и пропалестинските протести на дел од луѓето и политичките, како во нашата земја, така и на меѓународната сцена, сметам дека е потребно да се разграничат некои основни поими и позиции. Во овој свет на масовни манипулации, многу нешта се сосема поинакви од тоа што се гледа на прв поглед. Ги молам читателките и читателите да го прочитаат овој текст без предрасуди и во целост.

Read More

Европската комисија упати формално барање за истрага до платформата Икс (Х) врз основа на добиените индиции дека преку оваа социјална мрежа се шират дезинформации, терористички и насилни содржини и говор на омраза.

Read More

Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, беше во работна посета на Северна Македонија на 10 октомври, како дел од дипломатската турнеја во земјите од Западен Балкан. Се сретна со високи владини претставници, вклучително и со министерката за одбрана, Славица Петровска.

Read More