Author: Blerina Tahiri

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи.

Read More

Блокадата на уставните измени, а со тоа и запирањето на евроинтегративниот процес на државата од старана на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оди во корист на проруските сили во регионот, сметаат политичките аналитичари во изјави за Фронтлајн.

Read More

Денеска и утре во шпанскиот град Мурсија ќе се одржи неформален министерски состанок на ЕУ за општи работи и кохезивна политика, на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата, како и за прашања поврзани со концептот „Отворена стратешка автономија“ (ОСА) и со Кохезивната политика на блокот по 2027 година, соопшти Шпанското претседателство со ЕУ.

Read More

Претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, го отфрли нацрт-законот за привремено финансирање на Владата кој е во постапка во Сенатот, со што Вашингтон е чекор поблиску до четвртата делумна блокада на владата во една деценија, до што остануваат само четири дена.

Read More

Најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ, истакнува во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Read More

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето со овие производи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши, предупредувајќи дека ќе предложи целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи  доколку продолжи дополнително да се зголемува извозот, наместо  да се пласира на домашниот пазар.

Read More

Зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, при посетата на компанијата „Горска“ која како производител на безалкохолни пијалоци и вода, се приклучи кон владината мерка за гарантирана цена  и на пијалоците и нивно поевтинување за 10 проценти.

Read More

Обезбедувањето на учебници за учениците од основните и средните училишта како процес под надлежност на повеќе институции и тела, под координација на Министерството за образование и наука, годинава е значително унапреден. Тоа го потврдува фактот што преку откуп на учебници за кои министерството не ги поседува авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во 2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98% од нив, се веќе дистрибуирани.

Read More

Косовскиот премиер Курти на седница на Владата меѓу другото посочи и дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово. На седницата, владата донесе одлука за доделување финансиска поддршка од 50 илјади евра за семејството на загинатиот полицаец Буњаку.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили.

Read More

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза.

Read More