Author: Blerina Tahiri
Опозициските партии кои стојат зад српските протести против насилството денеска го обвинија претседателот Александар Вучиќ дека наоѓа „бесмислени изговори“ за „одложување на одлуката“ за распишување и одржување на вонредни белградски и парламентарни избори до крајот на годината.
За справување со последиците од невремето „Даниел“, преку фондови од Европската Унија, Грција ќе може да добие до 2,25 милијарди евра, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Собранието денеска во рамки на 120. седница продолжи дебатата за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ.
Зуди Енузи Кока е назначен од Надзорниот одбор за нов директор на АД МЕПСО, потврдија за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар.
Во јули годинава во земјава се евидентирани 197.273 туристи, од кои 46.0 % се домашни, а 54.0 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Многу ми е жал за случајот со Клиниката за онкологија. Ние сме во секојдневна комуникација и со полицијата и со обвинителството. Нормално апелираме до обвинителството овој случај што побрзо да се разреши до крај како никогаш досега. Ние ја преземавме иницијативата уште пред еден месец пред да излезе во јавност случајот и го испративме таму ДСЗИ за да направи една контрола. Не случајно, јас како министер заедно со кабинетот за прв пат инициравме и полицијата и обвинителството да влезат на клиниката, за да евидентираат точно има или нема грешки во минатото. Според мои информации, тогашниот директор, специјалист става дијагноза, бара…
Најмалку два дена ќе бидат потребни за да се реши проблемот со поплавата на автопатот Солун – Атина, со што и понатаму останува затворен за сообраќај делот околу Лариса и во двата правци, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, јави дописничката на МИА од Атина.
Европа мора да биде подготвена за реформи и да прифати дека она што функционира за сегашниот број членки на Европска Унија нема да функционира со поголем број, изјави денеска во Стразбур претседателката на Европски парламент Роберта Мецола.
Но, непријателот нема да успее. Наскоро неговите одбранбени линии ќе пропаднат. Запорижја ќе биде ослободено, иако битката се очекува да биде тешка, вели Мирослав Лискович во анализата за Укринформ.
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија, соопшти германскиот центар за геонауки (ГФЗ).
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на подобрени вакцини против Ковид-19, кои покажаа ефикасност во одбраната од широко распространетите варијанти на сојот омикрон.
