Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ќе ја поддржи Грција со 2,25 милијарди евра

0
By Blerina Tahiri on September 12, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2023 16:01

За справување со последиците од невремето „Даниел“, преку фондови од Европската Унија, Грција ќе може да добие до 2,25 милијарди евра, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Фон дер Лајен ја изрази поддршката за Грција и грчкиот народ, истакнувајќи дека Унијата е унија на солидарност

-Мојата главна порака е дека Европската комисија ќе биде инвентивна, ќе бидеме брзи и флексибилни, ќе ги мобилизираме сите ресурси на ЕУ што може да се распоредат, рече претседателката на Комисијата и се осврна на пет важни  фондови за финансирање што може да се мобилизираат.

Објасни дека можат да се користат различни европски фондови и средства, а  вкупно, Грција може да мобилизира до 2,25 милијарди евра.

Дополнително, фон дер Лајен посочи дека Европската комисија е подготвена да го оцени грчкото барање за поддршка од Фондот за солидарност, но додаде дека важно е земјите- членки да се согласат со предлогот за зголемување на средствата и доколку се одобри, следната година, би можеле да се издвојат и до 400 милиони евра.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на претседателката на ЕК ѝ покажа фотографија од селото Метаморфоси во областа Тесалија, какво беше пред поплавата, а како е сега, се осврна и на пожарите и на поплавите што ја зафатија земјата за краток временски период и рече дека Грција може да смета на поддршката од Европа.

-Европа ја поддржа Грција во многу тешки времиња и сигурен сум дека истото ќе го стори и сега, истакна Мицотакис

Во однос на Фондот за солидарност, рече дека ќе биде негова лична мисија да ги убеди неговите колеги во Европскиот совет дека Фондот мора значително да се зголеми „со цел да се поддржат земјите погодени од природни катастрофи кои се директно поврзани со климатските промени“.

Грција ЕУ поддржка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.