Author: Blerina Tahiri

Рускиот агресор не го поштеди главниот град на Украина, ниту на денот кога во градот се наоѓаат голем број делегации од целиот свет, за да учествуваат на меѓународната конференција „Слобода или страв“. Во моментов нема извештаи за жртви или предизвикана штета.

Read More

На Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права, се обрати и народниот правобранител на Украина, Дмитро Лубинец. Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец зборуваше во контекст на загубите од руската агресија врз Украина најголеми жртви се децата. „Ако вратиме по едно дете на ден, ќе ни бидат потребни 55 години да ги вратиме сите деца што се киднапирани од окупираните делови на Украина“, истакна Лубинец. Преземено: Цивил Медиа

Read More

Во истрагата на Амнести интернешенел се тврди дека во два израелски воздушни напади во Газа во октомври, во кои се вели дека биле убиени 43 цивили, бил користен систем за наведување оружје произведен од САД. Според извештајот објавен во вторникот од организацијата за човекови права, во урнатините на уништените домови во населбата Деир ал-Балах во центарот на Газа, пронајдени се фрагменти од системот за водење на заеднички директен напад на муниција, произведен во САД. Израел користи широк спектар на американско оружје и муниција, но извештајот на Амнести е еден од првите обиди да се поврзе американско оружје со конкретен напад во кој загинаа значителен…

Read More

Со новиот Закон за помилување кој вчера беше разгледан и утврден на седница на Влада, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица, појаснуваат од Министерството за правда. При изготвување на законот, како што соопштија денеска од Министерството за правда, биле разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на Законот за помилување произлегуваат од недостатоците и правните празнини во…

Read More

Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права. „Ова е еден од најзначајните настани поврзани со 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Едно од најтешките воени злосторства е киднапирањето и депортирањето на илјадници деца. Оваа конференција е гласен потсетник дека руските агресори масовно го извршуваат токму ова злосторство”, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој денеска и утре присуствува на Конференцијата за човекови права „Слобода или став“, во Кијив Украина. На конференцијата, како претставник од Северна…

Read More

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски присуствуваше на Конференција посветена на започнување на твининг проектот за подобрување на капацитетите и зголемување на безбедноста во цивилната авијација, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Read More

Во албанското собрание опозицијата и денеска го повтори сценариото на хаос, со превртвување столчиња и физички судир со Гардата на републиката.  Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, организаторот на нападот на Бањска. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Газета Шќип: Опозициските пратеници го започнаа сценариото за хаос со превртување на столчињата и физичко судирање со гардата, изгласан буџетот Пратениците од опозицијата денеска почнаа со своето сценарио на хаос, бидејќи се очекува член по член да се изгласа буџетот за 2024…

Read More

Украинската амбасадорка Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи им се заблагодарува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски за нивното учество на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив, Украина. Голема благодарност до @XhabirDeralla и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, што се одржува во Кијив на 7 декември.#StandWithUkraine pic.twitter.com/JoTaK1uopu — Larysa Dir (@dir_larysa) December 7, 2023 „Голема благодарност до Џабир Дерала и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата…

Read More

„ЕУ е најголемиот економски партнер на Северна Македонија. Ќе се фокусираме на усогласување на нашите трговски политики со ЕУ во рамките на Светската трговска организација и ќе продолжиме да ги имплементираме правилата на ЕУ за контрола на извозот со двојна употреба, инвестиции и инструменти за трговска одбрана во нашите национални, правни и институционални рамки“, изјави премиерот Димитар Ковачевски – на последната сесија за Кластер 6, на која заврши скринингот за поглавјето 30 за надворешни односи и поглавје 31 заедничка, надворешна и безбедносна политика. Димитар Ковачевски – Во изминативе 15 месеци во рамки на скринингот кој траеше речиси 100 работни денови,…

Read More

На вчерашната седница Владата, на предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја усвои новата Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, со Акциски план 2023-2026 година.

Read More

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите…

Read More

Хамас во рамки на долгорочните планови да го измамат Израел за неговите функционери да мислат дека терористичката организација не сака конфликт, обезбедува разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот Исламски џихад, пишува Вашингтон пост. Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги дава информациите за помала екстремистичка организација во Појасот Газа „за да го зајакне впечатокот дека е заинтересиран за соработка“. Таа, наводно, соработувала за време на конфликтот меѓу палестинскиот исламски џихад и израелската армија во мај. Хамас, кој владее со Појасот Газа, не се мешаше во конфликтот, а резултатот беше зголемена…

Read More