Author: Борјан Јовановски

Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев. Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон решение на проблемот со Софија. – Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави вчера Заев во Тетово.…

Read More

Бугарската влада само три дена по завршувањето на парламентарните избори во таа земја, на 7 април упати ново писмо до земјите членки на ЕУ во кое ја обвинува Македонија за одржување на наследството на комунистичка Југославија, етнички инженеринг, тоталитарни практики и неисполнување на обврските од Договорот за пријателство и соработка. Во писмото упатено до земјите членки на ЕУ, до чија содржина дојде НОВА се вели: „Во Југоисточна Европа, историјата никогаш не била само академско прашање. Со малку исклучоци, повеќето тоталитарни идеологии на 20. век генерираа свои историски наративи. Репресијата, насилството и злосторствата, генерално следеа во чекорите на погрешно толкување на…

Read More

Комисијата за заразни болести го објави протоколот според кој под одредени услови и преземени превентивни мерки пратениците кои се суспектни на ковид 19 и на кои одредена им е домашна самоизолација, а немаат симптоми на вирусот, ќе може да учествуваат во работењето на Собранието, односно да присуствуваат на собраниска седница и да го остварат своето право за гласање во една од поставените кабини во Големата сала. Според овој протокол доаѓањето и враќањето дома на овие пратеници ќе биде овозможено на два начини: – Со сопствено возило или со службено во кое возачот или сопатникот мора за цело време да носи…

Read More

Негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Блаже Конески, туку и долг кон самите себеси, кон сите наши предци и кон идните генерации, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоција на  поштенска марка со ликот на Блаже Конески, во рамки на одбележувањето на јубилејот-100 години од неговото раѓање. Марката  е издадена во 6.000 примероци. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Како што потсети Пендаровски, на промоцијата на книгата „Борба за…

Read More

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија. Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) и е достапен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=3850, а од утре ќе биде објавен во печатените медиуми, на македонски и на албански јазик, во „Слободен печат“ и „Коха“. Министерката Царовска нагласи дека првпат конкурсот е донесен во социјален дијалог со локалните самоуправи и со реалниот сектор и додаде дека и во иднина на тој начин треба да се креира…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со еврокомесарот за финансии Јоханес Хан, во рамки на посетата на Брисел. Маричиќ и Хан на средбата дискутираа за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите. Маричиќ посочи дека во Европската Унија има подготвеност конкретно да помогнат овој процес што ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок и како што е предвидено ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата. – Добивме поддршка за овие потфати со разгледување на можностите за поголема финансиска помош во делот на дигитализацијата и во делот на зајакнување на администрацијата на…

Read More

Европскиот парламент (ЕП) утре ќе расправа и гласа за годишниот Извештај за Република Северна Македонија, кон кој групите на Зелените и Социјалистите доставија предлози за измени и дополнувања, кои се однесуваат на непримерно и провокативно однесување на бугарските власти. Во амандманот, претставници на бугарската Влада се обвинети за провокативни изјави за историски прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такви изјави и покрај тековната изборна кампања во Бугарија. Предлогот го дадоа четворица европратеници од групата на Социјалистите и Зелените: Тонино Пицула (Хрватска), Тања Фајон (Словенија), Андреас Шидер (Австрија) и Марек Белка (Полска),…

Read More

На седница на Владата денеска се очекува да се дискутира за прашања поврзани со вaкцините преку КОВАКС механизмот. Тоа вчера го најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која рече дека очекува на седницата на Владата да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот. – Знам уште од претходно дека сите услови кои се побаруваа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на механизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите, изјави вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Од…

Read More

Патот за добрососедство меѓу Грција и Албанија е тежок. Главна пречка станува националистичкиот дух за домашна потрошувачка. Ова го отежнува позитивниот придонес на поединците и многу зборува за личното искуство.

Read More

Републиканците не успееја да го сработат она што е нивна работа, да ја почитуваат институцијата на која и служат, изјави синоќа спикерот на Претставичкиот дом, Ненси Пелоси, веднаш по гласањето во Сенатот кога поранешниот претседател Доналд Трамп беше ослободен од обвинувањата за поттикнување бунт во Конгресот. – Да ја почитуваат истата институција која претходно беше вандализирана, и чиј претседател, претседателот на Сенатот, Мајк Пенс, беше предмет на извици „обесете го Мајк Пенс“. Тие едноставно го порекнаа тоа. Зошто? Можеби не можат да си најдат друга работа, рече Пелоси. Таа додаде дека се работи за политичкото преживување, „кое е многу поважно…

Read More

Минатата година евидентирано е историско намалување на бројот на жртви од сообраќајни незгоди во земјава. Во јануари оваа година забележано е дека има намалување за 56 проценти на бројот на жртви во однос на истиот месец во 2020 година. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека ваквиот резултат се должи на засилените контроли за подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици. – Граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни несреќи особено оние со потешки последици.…

Read More