Author: НОВА ТВ

ЕУ е свесна за своите грешки, но да ја имавме оваа политика во 2008 година најверојатно веќе ќе бевме дел од ЕУ. Изјавите на Вархеји за одвојување немаат логика, знаеме во минатото, во 2019 кога Франција ја побара новата методологија, дел од државите не сакаа нас да не одвојат од Албанија. Ставот на Вархеји е негов, ќе мора да се заземе став, не гледам расположение во ЕУ да се направи раздвојување на двете држави, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во Студио 10 на ТВ24. – Не ми делува едноставно раздвојувањето како концепт. Може да се зголеми евроскептицизмот,…

Read More

Индија ќе регрутира стотици поранешни припадници на воениот медицински персонал за да му помогне на  здравствениот систем што е соочен со исклучително висок број на заразени со Ковид-19, соопшти денеска Министерството за одбрана на таа земја. Околу 400 медицински службеници од индиската армија се очекува да служат по договор најмногу 11 месеци, соопшти Министерството, додавајќи дека и други воени лекари биле контактирани за консултации преку интернет. Смртните случаи поврзани со Ковид-19 соборуваат рекорди на секои два или три дена, а бројот на смртни случаи се зголеми за повеќе од 4.000 втор ден по ред. Многу индиски држави воведоа строги блокади…

Read More

Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени денеска при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми. Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и почнал да пука. Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите. Меѓу жртвите е и лицето за кое беше организирана прославата, што се одржа пред камп-приколки. Меѓу собраните имало и деца, но сите жртви се возрасни. Полицијата соопшти дека пронашла шест мртви лица по пристигнувањето на местото на злосторството, додека седмиот им подлегнал на повредите во болница. Истрагата за мотивите на нападот е…

Read More

Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, денеска исто така ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата. Според уредбата, која треба да стапи на сила во недела, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест. Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви…

Read More

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша указ со кој се дозволува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од кои било други причини онеспособен да ја извршува  претседателската должност. „Документот предвидува дека во случај на смрт на шефот на државата при атентат, терористички акт, надворешна агресија или други насилни акти, сите државни органи и нивните службеници ќе постапуваат во согласност со одлуките на Советот за безбедност, со кои претседава премиерот“, се наведува во указот. Минатиот месец, Лукашенко најави дека планира промени на постојните механизми на управување во Белорусија, кои предвидуваа премиерот да…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел оцени дека глобалното темпо на вакцинација против Ковид-19 е „премногу бавно за ефикасно справување со глобалната пандемија“. Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година“. Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови варијанти што ја поткопуваат ефикасноста на достапните вакцини и можноста коронавирусот „да стане хроничен со ослабување на економското закрепнување“. Борел обрна внимание и на други дискусии, вклучително и на целокупната цел на групата „да се изгради глобална мултилатерална рамка по Ковид-19, заснована на демократски вредности…

Read More

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани, велат од Министерството за здравство. Оттаму известуваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани. -Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани…

Read More

Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво интервју од летото 2020 година, за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш“ ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули. Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата „Има таков народ“, според Трифонов, влегла во политиката поради референдумот и, особено, за неисполнетите барања на бугарските граѓани. Сепак, тој избегна директен одговор на прашањето со кои партии е можно да се формира коалиција во новото Национално собрание, велејќи дека тоа ќе стане јасно по 11 јули. „Суверенот одлучува“, рече Трифонов. Тој ја опиша Бугарската…

Read More

Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака. Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките. Се местеа чадори и лежалки,…

Read More

Во анализа објавена на The Guardian го пишуваат следното: Варијанта на коронавирус, откриена во Индија, е назначена како „варијанта на загриженост“ од англиското тело за јавно здравје, бидејќи расте загриженоста за нејзиното ширење во заедниците. Варијантата, наречена Б.1.617.2 е една од трите тесно поврзани варијанти кои први биле откриени во Индија и оттогаш се пронајдени во Велика Британија, а другите се познати како Б.1.617.1 и Б.1.617.3. Овие варијанти ги загрижија научниците бидејќи тие имаат мутации во нивниот протеин со скокови дека се смета дека може да му помогне на вирусот да ги избегне имуните реакции на телото и да биде…

Read More

САД вчера го изненади светот кога на самиот на Светската Трговска Организација (СTO), администрацијата на претседателот Џо Бајден објави дека тие ќе ја поддржуваат привременото укинување на законите за интелектуална сопственост за Ковид-19 вакцините. Ова значи дека САД поддржува да се споделуваат патентите за Ковид-19 вакцините кои се заштитени од страна на СТО за да можат компании низ целиот свет да ги произведуваат вакцините. Оваа отстапка од таканаречените TRIPS закони за интелектуална сопственост беше иницијално предложена во октомври, 2020 од страна на Индија и Јужна Африка, но беше блокирана од страна на САД. Американската амбасадорка за трговски прашања, Кетрин Тај…

Read More

Пред два дена надзорниот одбор на компанијата Фејсбук (која е исто така сопственик на Инстаграм) одлучи дека ќе продолжи забраната за поранешниот претседател Доналд Трамп на нивните социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм. Но овој пат компанијата не ги суспендираше акаунтите на поранешниот претседател на неопределено време како што гласеше иницијалната одлука туку изгледа дека овој одбор ќе треба повторно да донесе одлука вo рок од 6 месеци. Имаше многу реакции околу оваа контроверзна одлука, меѓу кои и самиот Доналд Трамп кој го напиша следното на неговата нова веб страна „Директно од бирото на Доналд Џеј Трамп“: „Она што го направија…

Read More