Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Често зборуваме за позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле. Затоа што тие се најсилен показател. Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%. СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија да ја зголеми за 40%. Со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат, двојно од нивото на коешто се денеска, истакна заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето обраќање на трибината од серијалот трибини на…
Изминатиот период беше одбележан од внатрепартиската битка помеѓу поранешниот и актуелниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што несомнено предизвикува и поделба на гласачкото тело на оваа партија.
На израелските војници им е наредено во рок од 24 часа да ги евакуираат сите жители од израелските зони околу Појасот Газа, каде што се водат борби за ослободување на заложниците, изјави портпаролот на израелската армија, генерал Даниел Хагари.
Новите закони за престојувалиште и живеалиште, за лична карта и за матична евиенција значат целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија и пристап до социјални и здравствени и други услуги за голем број граѓани.
Зад нас е грејна сезона во услови на криза, во која влеговме со неизвесност, но покажавме дека државата и инстиуциите имаат капацитет, сезоната помина без покачување на цената на струјата и без рестрикции, иако имаше и такви очекувања и коментари, истакна директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски во емисија на МТВ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот објавен денеска рече дека ништо нема да ја ослабне борбата на Украина против Русија, еден ден откако американскиот Конгрес усвои закон за привремено финансирање во кој не се споменува Украина. Министерот за одбрана Рустем Умеров одделно истакна дека добил ветувања за дополнителна воена помош во телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, објавија светските медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Инстаграм објави видео во кое вели дека најтешката недела во последните 15 години е зад Србија, но дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово.
Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.
Тензиите во северниот дел на Република Косово ескалираа со насилен напад врз косовската полиција, од маскирани и добро вооружени српски екстремисти на 24 септември. Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за нападот. Србија негираше вмешаност, но натрупа војска на границата со Косово, што предизвика предупредувања од САД и ЕУ. Во меѓувреме, контроверзниот бизнисмен и политички екстремист, косовскиот Србин, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за нападот. Српската војска, наводно, се повлече од пограничната зона.
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Говорот на омраза е храна за политичка некултура, а тие што го произведуваат и се хранат со него го поларизираат до екстремност јавниот дискурс. Така може да се дефинира состојбата со незапирливиот наплив на говор на омраза, иако поминаа 15 години откако е регистриран како системска закана за демократијата и добрите практики во политиката, и откако се одржани илјадници работилници, семинари, самити, конференции за препознавање, за идентификација на генераторите на омразата и за препораки за негово сузбивање. Таа состојба произлегува од алгоритамот дезинформации > говор на омраза > поларизација и се пресликува и влошува со секој нов случај,…
Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.
Во 2023 година Украина за прв пат ќе го прослави Денот на бранителите и бранителките на 1 октомври, соопшти Амбасадата на Украина.