Author: Gabi Tocko

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија, јави МИА.

Read More

Пристанишната управа на грчкиот остров Родос продолжува да ги евакуира жителите и туристите по морски пат од плажите во Лардос и Киотари, источната страна на островот е отсечена од голем шумски пожар, а патниот сообраќај е во прекин, јавува атинското радио СКАИ.

Read More

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за виенски „Курир“ изјави дека изборите во четири општини на северот на Косово во април биле „нагазна мина“, поради што фокусот сега во односите меѓу двете страни не е на нормализацијата, туку на решавање на кризата, пренесува N1.

Read More

Истрагите на американскиот Стејт департмент, по кои бизнисменот (олигархот) Орце Камчев, се најде на „црната листа“, треба да бидат поттик за државните институции за сериозна истрага со полн капацитет, вели за „Фронтлајн“ правникот Ќенан Алиу, зборувајќи за американското досие за корупција против Орце Камчев и други.

Read More

Истакнатиот руски националист Игор Гиркин, познат како Игор Стрелков, кој јавно ги обвини Путин и военото раководство дека не биле доволно сурови и ефективни во војната против Украина, беше приведен вчера под обвинение за поттикнување екстремизам, пишува Ројтерс.

Read More

Тоа беше незаборавен политички спектакл. На 21 февруари 2022 година, во пресрет на целосната војна на Русија против Украина, претседателот Владимир Путин претседаваше со телевизиски состанок во живо на Советот за национална безбедност на Русија. За време на состанокот тој побара од членовите на Советот да се изјаснат дали го поддржуваат предлогот Москва да ја признае независноста на сепаратистичките републики во Донбас. Специјално организираниот спектакл остави впечаток на осамен и пореметен крал, полн со презир кон неговите главни советници. Видовме како, исплашени од него, очајнички се обидуваа да му угодат. И, дека со задоволство ги понижува.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во последната аудио бомба која е објавена на Јутјуб со наслов „Рекет 2“ кажува дека му е благодарен на Орце Камчев за помошта што му ја дал по преземањето на партијата.

Read More

Предлог на пратениците беше ДДВ-то за пелетите, а денот кога беше тоа најавено реков дека ќе го слушаме гласот на граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на Сител телевизија. Тој додаде дека даночните измени требало да се случат многу порано, но законите биле заглавени во Собранието.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин направил огромна грешка со повлекувањето од важниот договор за жито. Зборувајќи денеска пред новинарите во Брисел, Макрон истакна дека со учеството во договорот, Русија преземала огромна одговорност кон многу земји, објави агенцијата Анадолија.

Read More