Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Вкупно 1.200 деца се евакуирани од летните кампови загрозени од пожари во близина на крајбрежното летувалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти.
Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, попладнево се сретна со високите претставници од Вајмарската тројка, Лоранс Бун, државна министерка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, кои се во дводневна официјална посета на Скопје.
Еврокомесарoт за проширување Оливер Вархеји денеска на својот твитер-налог објави дека со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и на Црна Гора разговарал за новата стратегија за раст за Западен Балкан.
Заклучокот од денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, е дека го имаме своето место во ЕУ, но дека е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија.
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска во Тирана учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.
Летото само што започна на северната хемисфера, но силен топлотен бран веќе зафати делови од Европа, Кина и САД, каде викендов се очекуваат рекордно високи температури, објави Хуриет дејли њуз.
Валериј Залужни за деокупација на Крим: Штом ќе ги имам потребните средства, никој нема да ме спречи
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни е решен да го врати привремено окупираниот Крим штом ќе бидат достапни потребните средства.
Русија започна серија напади со минофрлачи, артилерија, беспилотни летала и ракетни фрлачи во изминатите 24 часа, објави Скај њуз.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска првпат пристигна во Украина на разговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.
Двајца државјани на Северна Македонија во текот на ноќта биле застрелани во Ханиоти на Халкидики, едниот починал, а другиот повреден е пренесен в болница, јави дописничката на МИА од Атина.
Развојот на технологијата и порастот на неконвенционалните безбедносни предизвици наложуваат државите да ги зголемат инвестициите во одбраната и безбедноста на своите граѓани, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.