Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожар во близина на Атина: 1.200 деца евакуирани од летните кампови

0
By Gabi Tocko on July 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 17, 2023 22:42

Вкупно 1.200 деца се евакуирани од летните кампови загрозени од пожари во близина на крајбрежното летувалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти.

Два пожара избувнаа источно и западно од Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од силен ветер, избувна во ридовите во близина на градот Куварас, 50 ​​километри источно и се прошири кон брегот на Атина, пишува Би Би Си.

Грчката агенција АНА јави дека вториот пожар избувнал во близина на приморското одморалиште Лутраки. Автопатот кон Пелопонез е затворен и превентивно е наложена евакуација.

Атинската РТВ Скај објави дека ангажирани се вкупно 150 пожарникари со шест групи пешадиски одделенија, од кои 31 романски пожарникар, 40 противпожарни возила, додека од воздух дејствуваат седум противпожарни авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за воздушна координација.

Дополнително, волонтерите на противпожарната служба и волонтерски групи за цивилна заштита имаат голем број камиони-цистерни во зоната на пожарите

Г. Т.

Грција деца евакуација летни кампови пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.