Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, изминатата година се покажало колку е важно знаењето и посветеноста за менаџирање со енергетскиот сектор. Тој на партиската трибина „Резултати што прават разлика“ кажа дека пред само 12 месеци глобалната економија била пред колапс.
Коридорите на културната соработка на земјите од Балканот се ставени во полна функција, а Северна Македонија е на крстопатот на поврзувањето и лидер на иницијативите што со огромен интерес ги прифатија сите соседни земји.
Со богослужба во белградската црква Свети Сава денеска почнува седницата на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), нејзиното најважно тело, на која покрај темата за Косово, што е редовна на ваквите собири, се очекува да се разгледа и македонското прашање, објави агенцијата Бета.
Изборите ќе се одржат најдоцна во септември, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и посочи дека на 26 мај ќе има интересни одлуки, пишува белградска Политика.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го пречека Володимир Зеленски во Шлос Белви, неговата официјална резиденција во Берлин, со што и официјално почна посетата на украинскиот претседател на Германија, која е прва негова посета откако Русија ја нападна Украина.
Луѓето постојано зборуват дека светот станува глобално село, но никој не објаснува што воопшто тоа за нас во оваа земја значи.
Гласачите ширум Турција утрово гласаат на еден од најкритичните изборни процеси во земјата во последните децении. Долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган се соочува со противкандидатот Кемал Киличдароглу, кој е на чело на широка коалиција од опозициски партии. Ердоган е соочен со најголем предизвик од кога било досега. Аналитичарите не исклучуваат изборен пораз за турскиот популистички лидер. Денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори во земјата.
Гордост и чест се силните признанија и поддршка за Северна Македонија што денеска ни пристигнаа од Вашингтон, директно од државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен, на средбата со нашиот премиер Димитар Ковачевски, напиша вечерва на својот фејсбук-профил вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.
Бугарскиот министер за надворешни работи Иван Кондов ја повика денеска на разговор амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеза Поповска, изразувајќи загриженост и несогласување со постапувањето на македонските гранични власти на преминот Ново Село, кои на 6 мај не им дозволиле влез на бугарскиот евтопратеник Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски, како и на уште тројца бугарски државјани, објавија бугарските медиуми.
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток, на Балканот и во светот. Д-р Томи Димитровски е поранешен македонски амбасадор во Република Словенија (2014-2018) и поранешен генерален конзул во Солун, Република Грција (2007-2014). Во својата статија со наслов „Парламентарни избори во Грција 2023: Неизвесност како никогаш досега“, тој ги анализира актуелните настани во Грција во контекст на парламентарните избори во таа земја, кои ќе се одржат на 21 мај 2023 година. Неговата статија ја објавуваме во целост.
Западен Балкан денеска е во фокусот на Стејт департментот додека американскиот државен секретарот Ентони Блинкен се подготвува за средба со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Вечерва околу 18 часот во Белград, пред Парламентот започна големиот протест наречен „Србија против насилството“. Протестот се одржува како реакција на двата неодамнешни масакра во таа земја. Во првиот, 13-годишен ученик во училиште во Белград со истрели од пиштол уби 8 негови соученици и училишниот чувар. Во вториот, 21-годишниот Урош Б. со истрели од автоматска пушка во Младеновац и околината уби осум луѓе, јави N1.