Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција гласа, Ердоган соочен со најсилна опозиција досега

0
By Gabi Tocko on May 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 14, 2023 11:04

Гласачите ширум Турција утрово гласаат на еден од најкритичните изборни процеси во земјата во последните децении. Долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган се соочува со противкандидатот Кемал Киличдароглу, кој е на чело на широка коалиција од опозициски партии. Ердоган е соочен со најголем предизвик од кога било досега. Аналитичарите не исклучуваат изборен пораз за турскиот популистички лидер. Денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори во земјата.

Ердоган ја води земјата две децении. Многумина го оценуваат како најуспешниот турски политичар во период од повеќе од половина век, но тој веќе одамна го носи и атрибутот на автократ чии политики се далеку од демократските стандарди и почитувањето на човековите права и слободи.

Исто така, на негова адреса се упатуваат и жестоки критики за економските политики кои ги погодија турските домаќинства, како и бавните санации на последиците од катастрофалните земјотреси во февруари во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Катастрофата ги откри тешките пропусти на владата на Ердоган во спасувањето, но и во спроведувањето на градежните стандарди. И самиот Ердоган призна дека спасувачките операции беа задоцнети, што имаше фатални последици.

Изборната трка започна со кампањи од двете страни пред повеќе од една година. Главното предизборно ветување на опозиционерот Киличдароглу е дека ќе ја поведе Турција во нова ера со тоа што ќе ја врати демократијата во земјата. Според опозицијата, Ердоган спроведува долгогодишна репресија во земјата и ја оддалечува од Западот. Киличдароглу ветува дека ќе ги обнови блиските врски на Турција со Западот.

Опозицијата го обвинува Ердоган и за лоши економски политики и дека е директно одговорен за падот на вредноста на турската валута и воопшто, животниот стандард на просечните турски семејства. Ердоган го сметаат за одговорен за голем број финансиски скандали и за долгогодишна одбрана на богатите и моќните, на сметка на сѐ посиромашните.

Ердоган во својата кампања ги нагласуваше сите мегапроекти во текот на неговото владеење, голем број инфраструктурни проекти, вклучувајќи мостови и аеродроми. Еден од аргументите со кои тој се обидува да го привлече мнозинството гласови од 61-милионското турско гласачко тело, е и подемот на воената индустрија и извозот на оружје.

Сепак, трагичните последици од катастрофалните земјотреси во Турција и задоцнетата реакција од власта, го направија своето. Ердоган беше во турнеја низ погодените подрачја, се извинуваше, бараше прошка и ветуваше брза и квалитетна обнова, обидувајќи се да се прикаже во благо и покајничко светло пред турската јавност.

Сепак, како што се приближуваше изборното финале кое се одигрува денеска, реториката на Ердоган стануваше сѐ поостра. Тој жестоко го напаѓа Киличдароглу и опозицијата што стои зад него, не штедејќи зборови на обвинување дека нив ги поддржуваат „терористи“, а во други јавни настапи ги обвинува за продавање на турските национални интереси на Западот.

Ердоган отиде многу далеку во својата вербална пресметка со опозицијата, па на само еден ден пред изборите, вчера, ги обвини САД за мешање во турските избори.

„Бајден даде инструкции – ‘Треба да го урнеме Ердоган’. Утре гласачките кутии ќе му дадат одговор и на Бајден“, рече Ердоган за време на говорот во Истанбул, ден пред изборите.

Од глобалниот интерес што го предизвикуваат денешните избори во Турција посебно се издвојува Германија, како и поголем дел од Африка. Според истражувањето на институтот YouGov, дури 70% од испитаниците во Германија би сакале да го видат Ердоган поразен. Од друга страна, Ердоган ужива голема поддршка кај 1,5 милиони германски Турци кои имаат право на глас на овие избори. Во секој случај, официјален Берлин, Вашингтон и Париз не ја кријат надежта дека ќе му го видат грбот на Ердоган по изборите што се одржуваат денеска.

Под раководството на Ердоган, Турција со години е присутна во Африка, континент со неизмерни природни ресурси, истовремено и континент со неизмерна сиромаштија и децениски крвави конфликти. Администрацијата на Ердоган ја поведе Турција во голем број воени мисии на тој континент. Турција изгради воени бази во Сомалија, Тунис и Мароко. Турската армија беше вклучена во мировните напори во Либија, и во областа Тигре во Етиопија, обучи 20.000 војници во Сомалија и изгради исламски училишта во Сенегал. Истовремено турските компании влегоа со огромни инвестиции и во африканското земјоделство и индустрија.

Во избирачкиот список се запишани 60,9 милиони гласачи во Турција, а 3,2 милиони во дијаспората. Од 64-те милиони гласачи, повеќе од шест пет милиони гласачи денеска за првпат ќе гласаат и кои не знаат за поинаква власт од онаа на Ердоган. Датумот на одржување на изборите во Турција, 14 мај, е наследство од првите демократски избори одржани во Турција во 1950 година.

Џ. Дерала

Ердоган избори опоција Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.