Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Украинскиот претседателот Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој се одобрува предлогот на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции против 141 правно лице и 300 физички лица, вклучително и сирискиот претседател Башар ал Асад.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека по „протекувањето на незаконски информации“ можеби ќе биде уапсен во вторник и ги повика своите приврзаници на протест.
Намалениот буџет на Министерството за култура за оваа година се должи на фактот дека моравме да ги обезбедиме платите на културните работници коишто се гарантирани со Колективниот договор, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во Канал 77.
Бројни новинарски екипи од регионот и пошироко ја следат средбата на српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Охрид. Во пресрет на заклучоците од оваа важна средба, новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа разговараше со повеќе новинари и уредници од големи медиумски куќи во регионот. Еден од нив е Жељко Шајн, специјален дописник на белградска „Политика“ кој за ЦИВИЛ Медиа даде своја оценка за настанот.
Војната на Русија против Украина предизвика распаѓање на постојната европска безбедносна архитектура, предизвикувајќи фундаментални промени во надворешната и одбранбената политика низ целиот континент.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Охрид информираше за средбите со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Косово Албин Курти.
Сите имаме иста цел и најдобри намери кога станува збор за просперитетот, мирот и стабилноста на регионот. Денес е значаен ден за иднината на европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи, напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по пречекот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, кои го започнаа состанокот на високо ниво од дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, пристигнаа утрово во Охрид по што започна состанокот на високо ниво од дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија.
Во врска со дијалогот Приштина-Белград и безбедносните импликации министерката за одбрана Славјанка Петровска во гоствувањето на ТВ21 изјави дека прашањето се доближува до ситуација кога треба да се носат одлуки.
Ги чекаме податоците од УЈП за исплатата на мартовската плата. Платите растат и нема да е голем бројот на работници кои земаат минимална плата. Платите растат и во јавната администрација и во приватниот сектор, изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „24 анализа“ на ТВ24. Таа додаде дека со порастот на минималната плата се зголемува платата на сите во државната администрација каде што матичните закони се усогласени со законот за минимална плата. Платите растат и во приватниот сектор, бидејќи за да си ги задржат вработените и да имаат поголема продуктивност, верувам дека и компаниите ќе ја зголемуваат…
Сите појдовни и дојдовни авионски летови во Грција ќе бидат откажани в четврток поради 24-часовниот национален штрајк на различни грчки синдикати. Ќе штрајкуваат и контролорите на летање, соопшти денеска нивниот синдикат.