Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Македонија во споредба со другите поранешни југословенски републики помина со многу мал данок во губење на луѓе и имот и е единствена држава која сѐ уште опстојува на варијантата за нетериторијална делба на луѓето, изјави пратеникот Мендух Тачи во интервју за поткастот „Политиканти“ што се емитува на Слободна ТВ на Слободен печат.
Околу 4,3 милиони луѓе кои не се државјани на Европската унија, а кои ја напуштиле Украина како последица на руската инвазија, добиле статус на привремена заштита во земјите на ЕУ до 30 ноември 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.
Ги гледав коментарите кога за локалните проекти, кои се финансирани од Владата, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишуваат договор со премиерот, а му се заблагодаруваат на Мицкоски, изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ за Слободна ТВ.
Јавноста ќе слушне за мрежата на нафтени компании кои сакале да го изиграат ситемот и да испумпаат пари од буџетот, изјави директорката на Управата за јавни приходи и заменик претседателка на СДСМ за ТВ 24.
Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Никогаш не можев да откријам кој рекол дека демократијата е налик на старите износени чевли. Оној кој ја кажал оваа дефиниција секако милел дека таа не мора да е привлечна како уредување, и на прв поглед има многу маани (веројатно крпеници заради изабеност) ама добро легнува во секојдневниот живот, бидејќи, оној кој ги носи, сепак, се чувствува – удобно! Таа, демократијата, има функционалност, би се рекло со некој професорски речник!
Скопје денеска се наоѓа на шесто место во светот според загаденоста на воздухот на листата на платформата IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот).
Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница, вели претседателот Стево Пендаровски во новогодишната честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.
Австралија ќе биде меѓу првите кои ќе се збогуваат со рекордно најжешката година, затворајќи ги турбулентните 12 месеци обележани со паметни чет-ботови, климатски кризи и ужасни војни во Газа и Украина. Светската популација, сега повеќе од осум милијарди луѓе, ќе ја испрати 2023 година и ќе ја дочека Новата година, а многумина се надеваат дека ќе бидат ослободени од товарот на високите животни трошоци и глобалните немири.
Премиерот Димитар Ковачевски имаше непопуларна задача во изминатите две години во кои ја предводеше македонската влада. Тој и неговиот владин тим влегоа во костец со сите предизвици со кои се соочуваше и се соочува земјата – во време на жестоки воени, енергетски и економски кризни жаришта во светот и регионот, упорна и целосна блокада од опозицијата за сите клучни прашања и процеси, среде хибридни закани и обиди за дестабилизација… Одлуките и чекорите што ги презедоа Ковачевски и Владата, се повеќе од одличен повод да побараме интервју од него, со прашања кои се својствени и за специфичните полиња на интерес на…
Европската унија сака подобро да ги заштити новинарите и медиумските компании од политичко влијание и постигна договор за таканаречениот Европски закон за слобода на медиумите. Иако заштитните мерки што ги нуди законот се генерално добредојдени, законот не е без недостатоци – и проблемите се сè уште присутни во европскиот медиумски простор, објави EuroEFE EURACTIV.
Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евро, објави Централната банка на Германија.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА „На денешен ден ти си родена, правејќи го светот подобро место за сите луге“ – напишал еден од протагонистите во овој роман, Дениал, по повод роденденот на главната јунакиња во книгата, Ана.