Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Уапсени се тројца бугарски државјани, кои утрово навредуваа и турка полицајци на граничниот премин Деве Баир.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека испораката на понапредно американско оружје во Украина само ќе предизвика дополнителни напади од Русија и може да ја активира руската нуклеарна доктрина, пишува Ројтерс.
Во американската сојузна држава Охајо, во близина на градот Источна Палестина, товарен воз излета од шините, по што избувна огромен пожар, јави Си Би Ес Њуз. Поради пожарот е наложена евакуација на жителите во радиус од 1,6 километри од железничкиот премин Св. Џејмс.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска оцени дека шефот на државата Зоран Милановиќ со своите изјави го „поткопува кредибилитетот на надворешната политика на Хрватска“.
Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож попладнево во метро станица во Брисел, покажуваат новите податоци на белгиската полиција која го уапсила напаѓачот.
Светска банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година, на нивоа кои се на работ на рецесија за многу земји, бидејќи влијанието на зголемувањето на каматните стапки на централната банка се интензивира, војната на Русија во Украина не е ни блиску до крајот, а најголемите светски економии стагнираат.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими во проштална средба амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн, соопшти претседателскиот кабинет.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од американската делегација на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, што е во посета на Северна Македонија, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.
ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Окуражен од пораснатиот рејтинг на ИРИ, Никола Груевски се охрабри да се впушти во кампања за враќање на политичката сцена. Затоа и го притиска Христијан Мицковски со сите сили да запне во напорите за одржување предвремени парламентарни избори по што, според партиските математики, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и на тој начин ќе му овозможи на Груевски да се врати во земјата. Откако тоа ќе се случи, Мицковски кој беше поставен да му го грее местото на Груевски, тивко ќе се повлече и ќе му ја отстапи лидерската позиција на бегалецот од Будимпешта.
ЏАБИР ДЕРАЛА Ајде да фрлиме еден брз поглед на тоа колку се успешни санкциите на ЕУ против Русија. Европската унија постојано се фали со своите успешни санкции против Русија. „Санкциите се од суштинско значење за значително намалување на способноста на Русија да води војна. Увозот и извозот на Русија се намалени за 20,8% и 12,3%, соодветно. Во ЕУ се замрзнати 20 милијарди евра на лица на листите за санкции. Нашите санкции функционираат. И додека Русија продолжува да води војна во Украина, тие ќе останат“, се вели во објавата на Инстаграм профилот на Европската Комисија на 7 јануари 2023 година, која завршува со…
Завршија празниците. Merry Christmas and Happy New Year. Од кога си честитавме, ајде да видиме што би требало да ни е меѓу првите приоритети во врска со ЕУ. Или, поконкретно, што точно е наведено во драфт заклучоците од Советот на ЕУ во точката 4 :…” ќе овозможи ( се мисли на РСМ) зајакнување на еднаквите права на припадниците на малцинствата и заедниците во Северна Македонија и како таков ќе придонесе кон усогласувањето со Копенхашките политички критериуми, пишува во својата колумна проф. Ана Чупеска.
Иран можеби придонесува за воените злосторства во Украина со испораката на беспилотни летала за Русија, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.