Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската банка предупредува на можна глобална рецесија оваа година

0
By Gabi Tocko on January 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 10, 2023 22:50

Светска банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година, на нивоа кои се на работ на рецесија за многу земји, бидејќи влијанието на зголемувањето на каматните стапки на централната банка се интензивира, војната на Русија во Украина не е ни блиску до крајот, а најголемите светски економии стагнираат.

Светска банка очекува раст на глобалниот БДП од 1,7 отсто во 2023 година, што е најнизок процент од 1993 година, доколку се исклучат рецесиите од 2009 година и пандемиската 2020 година.

Во својот претходен извештај за глобалните економски перспективи во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст од три проценти за оваа година.

Светска банка предвидува раст од 2,7 отсто за 2024 година, а за периодот од 2020 до 2024 година ќе биде вкупно под два отсто, што е најбавно петгодишно темпо од 1960 година.

Таа институција смета дека забавувањето на најголемите економии, вклучително и САД, чи очекуван раст е намален за 0,5 отсто, може да навести нова глобална рецесија, помалку од три години од претходната.

Со оглед на кревките економски услови, секој нов неповолен развој на настаните, како што е инфлација повисока од очекуваната, драстично зголемување на каматните стапки за нејзино задржување, оживување на пандемијата на коронавирус или ескалација на геополитичките тензии – може да ја турне глобалната економија во рецесија, соопшти банката.

Забавувањето на растот ќе биде особено тешко за економиите во развој кои се борат со големи должнички оптоварувања, слаби валути и раст на приходите, како и забавување на деловните инвестиции.

Растот на Кина во 2022 година се намали на 2,7 отсто, што е втор најнизок раст од средината на 70-тите, бидејќи ограничувањата наметнати од пандемијата, превирањата на пазарот на недвижности и сушата влијаат на потрошувачката, производството и инвестициите таму, наведува Банката.

Институцијата објави дека кон крајот на 2022 година, дел од инфлацискиот притисок почнал да стивнува, со пониски цени на енергијата и стоките, но предупреди дека ризиците од нови нарушувања во снабдувањето се високи и дека покачената базична инфлација може да продолжи.

Тоа би можело да ги поттикне централните банки да ги зголемат каматните стапки повеќе од очекуваното во моментов, влошувајќи го глобалното забавување, се додава во соопштението.

економија Рецесија Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.