Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска на својот фејсбук-профил реагираше на одлуката на Апелацискиот суд да ја укина првостепената пресуда за Таргет-Тврдина, откако претходно ја укина и првостепената пресуда за Трезор и предметот го врати на повторно постапување.
ЏАБИР ДЕРАЛА Една голема неправда е исправена. Апелацискиот суд ги укина пресудите на неколку членови на благородната Фамилија, тие посветени чувари на македонската демократија и прогрес, и ги врати на повторно постапување, а жалбата на Обвинителството ја прогласи за беспредметна. Не е прва, но секако дека е една од најголемите победи на македонското правосудство. Браво! Конечно, сонцето на слободата ќе ги огрее кутрите великомаченици од Фамилијата. Тие неправедно беа судени, некои и осудени на затвор, а некои долго време се мачеа во домашен притвор во луксузни хотели. Членовите на Фамилијата неправедно и лажно беа обвинети за прислушување на илјадници луѓе, заробување на…
Договорот меѓу владите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија за стратешко партнерство во областа на енергетскиот развој и транспортот ќе ги поврзе двата брега на Црното Море и би можел да транспортира електрична енергија во Молдавија, Западен Балкан и Украина, изјави денеска во Букурешт претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Катар кое почна на 20 ноември ќе кулминираат викендов со малото и големото финале.
Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ.
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Пораките во дојавите за поставени бомби се идентични во сите земји во регионот кои се сооочија со овие закани, шемата дека главно заканите се интензивираат во среда, четврток и петок, како и двата откриени сторители за кои е покрената постапка за основано сомневање дека испратиле имејл пораки со закани за поставени експлозивни направи, се првите индиции дека истрагата за овие загрижувачки појави дава резултати.
Дуња Иванова, врвна македонска пијанистка, е и спортистка со голем број постигнувања и во светот на спортот, како во земјава, така и надвор од неа. Таа, како дел од велосипедскиот клуб „Енерџи“ е прогласена за најуспешна велосипедистка во категориите Маунтинбајк и Вело крос, а освои и второ место во друмски велосипедизам.
Граѓаните извојуваа победа од кавгата на релација Данела Арсовска – Ленин Јовановски, кои започнаа откако градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ се впуштија во меѓусебни обвинувања за криминали во Градот.
Американскиот тим за санкции дојде, побара што им беше потребно и замина назад за Вашингтон. Неговата работа е сега да му предложи на државниот секретар кои сегашни и поранешни функционери од Македонија ќе им се придружат на Груевски и Мијалков на таканаречената црна листа на која се наоѓаат личности кои поради вклученост во корупција или кршење на човековите права се лишени од можноста да добијат виза за патување во САД.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ очекува процесот на уставни измени да започне во првата половина од наредната година.
На 10 декември 2022 година, прогресивниот свет го одбележа Меѓународниот ден на човековите права. Овој ден беше одбележан и во Украина, вклучително и од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Со цел да се утврдат и обезбедат правата и слободите, со поддршка на одлуката на Генералното собрание на ОН за одбележување на Денот на човековите права на 10 декември, во контекст на Универзалната декларација за човекови права, Претседателот Зеленски издаде и посебен Указ, на 9 декември 2022 година (бр. 854).
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на Самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство, што првпат ваков Самит на сите земји членки на ЕУ се одржува во Западен Балкан, во соседна Албанија. Тоа само ја потврдува посветеноста на ЕУ кон проширувањето, соопшти владината прес-служба.