Author: НОВА ТВ

Додека Европа се мисли кога да го испорача тоа што ни го вети, ние не можеме да чекаме, мора да работиме, мора да го унапредиме животот.  Ние мораме секој атом енергија, секој потенцијал на оваа наша земја да го искористиме, а тоа се мултиплицира навистина со унапредувањето на соработката со сите, изјави премиерот Зоран Заев. -Мене ми е драго што Србија и Албанија се фокусирани исто како нас, ние сме централно поставени помеѓу овие две земји, сме отворени кон Косово и кон БиХ, Црна Гора, Грција, Бугарија. Зошто ако може да не чекаме на границите, да не го направиме тоа.…

Read More

Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, вчера во 08:20 часот го лишиле од слобода О.Ц.(49) од Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи. -При претрес во три објекти во сопственост на О.Ц. извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства, соопшти МВР.…

Read More

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ќе му овозможи на овој регион да има поинаква иднина, ќе овозможи поврзување на луѓето во регионот на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и поинаков, многу подинамичен економски раст и развој. -Некаде имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Албанија, во Албанија и делумно во Северна Македонија, имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Србија, но всушност тоа е иницијатива која ќе овозможи регионот да има поинаква иднина, поврзување на луѓето на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и различен, многу подинамичен…

Read More

МВР и РСБСП продолжуваат со превентивните активности во рамки на кампањата „Вози одморен!“, а денеска, во пресрет на Илинден, беа спроведени активности во Прилеп, соопшти МВР. Пораките и советите кои МВР и РСБСП од Прилеп ги упатуваат до сите учесници во сообраќајот се пораки за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот за време на овој продолжен викенд, но и понатаму. – Искуството и статистиката од минатите години покажуваат дека ова (јули/август) е најризичниот период од годината кога е во прашање безбедноста во патниот сообраќај. Интензитетот на сообраќајот повеќератно се зголемува, температурите се на највисоко ниво,а со тоа…

Read More

Инфраструктура на железниците на Србија и Делегацијата на Европската унија во Србија објавија тендер за работи за изградба на тунел број 4 на делницата Сталаќ-Ѓунис, на пругата Белград-Ниш, во општина Чичевац, што преставува прв чекор кон изградбата на брзата пруга Белград-Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Опсегот на работи вклучува изградба на едноканален тунел со два колосека бр. 4, долг 3.275 метри, со три тунели за евакуација и два пристапни патишта, како и претходна изработка на проектна документација, и не вклучува надградба на колосекот, електрификација, сигнализација и телекомуникации, соопшти бизнис порталот еКапија. Проценетата вредност на работите кои ќе…

Read More

Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот Филипче кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев беше во посета на реконструираната општа болница во Гевгелија, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите. – Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично…

Read More

На Олимпијадата дојде со освоени три од три гренд слема, а Токио се враќа без ниту еден медал. Светскиот рекетер, Србинот Новак Ѓоковиќ загуби од Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6:4, 6:7, 6:3 во мечот за третото место. Ѓоковиќ делуваше нервозно, го фрли рекетот во трибините, па го скрши. За Ѓоковиќ остана шанса да ќари барем бронзено одличје во натпреварот во двојки кој требаше да го игра со својата колешка, Нина Стојановиќ. Но, според инфомациите од Србија, тој поради огромна исцпеност побарал натпреварот да биде предаден, со што без игра шансите за тој медал се губат. Во вчерашното полуфинале, Српскиот…

Read More

По консултации со својот лекарски тим, најдобрата гимнастичарка во светот, Американката Симон Бејлс, се откажа од настап во финалните натпревари во прескок и коњ со рачки, кои утре се на програмата на Игрите во Токио. Засега останува потврдата за нејзин настап во натпреварите во поединечна конкуренција на греда и партер. Американската гимнастичарка неделава ја шокираше спорската јавност, откако се откажа од настап во екипна конкуренција по лошо изведената прва вежба, а потоа се повлече и од настапот во повеќебој, во кое требаше да ја брани олимписката титула. – Лекарскиот им ќе продолжи секојдневно да ја оценува нејзината состојба за да…

Read More

Полициски службеници од Гостивар, во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При претрес во патничкото возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки пронајдени се и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Read More

Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари, се наведува во соопштението на владината прес-служба. Со предвидената мерка, се додава во соопштението, ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор…

Read More

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, во период од 14 до 20 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес. Министерството за внатрешни работи информира дека се санкционирани 93 возачи. Од вкупниот број санкционирани возачи, МВР соопшти дека 15 возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. Од Министерството информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите со…

Read More

Владата на синоќешната седница ја разгледала инфомацијата за реконструкција на спортската сала „Партизан“, која се наоѓа веднаш зад автобуските постојки на ЈСП 15 и 19 во Карпош 4. Од Владата соопштија дека Агенцијата за млади и спорт треба да ја спорведе постапката за избор на фирма која ќе ја реновира спортската сала, што ќе чини околу 1,1 милион евра. – Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да спроведе постапка за избор на изведувач на работите и да ги обезбеди средствата во висина од 70.000.000 денари распределени по годишни износи за 2021, 2022 и 2023 година, се наведува во…

Read More