Author: НОВА ТВ

Во рамки на шестата Активна српско-македонска културна недела (СРМА) во Сомбор се одржа Македонска образовна недела во западнобачкиот округ за македонската историја, јазик, книжевност и музика, јави дописникот на МИА од Белград. Организатор на македонската образовна недела беше Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, а  беше финансиски поддржана како проект од страна на срското Министерство за човекови и малцинаски права. За време на тридневната образовна недела, Македонците и Србите од Сомбор и овој регион во Србија имаа можност да се запознаат со македонската историја, книжевност, музика преку предавањата на македонски и српски предавачи и професори, меќу кои и проф.д-р.…

Read More

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука упати честитка по повод 28 ноември, денот на независноста на Албанија и денот на знамето, посакувајќи напредок на сите Албанци каде и да се. – Честит 28 ноември, денот на знамето, денот кој ги обединува во едно тело сите Албанци каде и да се. Да славиме уште многу години, додека постои живот. Дебар црвено црн, напиша Дука. Тој постира и фотографии од градот како е накитен со албански знамиња. Поради автобуската несреќа што се случи во Бугарија, во која загинаа 45 македонски граѓани,  општината ги откажа сите планирани активности. Како што објави директорот на средното…

Read More

Честитки по повод 28 ноември Денот на независноста на Албанија упатија единствената макединска партија во оваа земја, МАЕИ, македонското друштво „Илинден”-Тирана и градоначалникот на општина Пустец. – Во име на единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска инеграција, МАЕИ на сите граѓани на Албанија им го честитам 28-ми Ноември – Денот на независноста на Албанија! Честитит празник, напиша во објава на Фејсбук, Васил Стерјовски. Тој при тоа постира фотографија од тој историски настан кога во приморскиот град Валона, на денешен ден пред 109 години, е прогласена независноста и развиорено албанското национално знаме. – Македонското друштво „Илинден”-Тирана Ви…

Read More

Евреите од денеска до понеделник, 6 декември, го слават празникот Ханука. Со овој празник се одбележува настан од 164 п.н.е. кога, по три години прогонство и борби, Ерусалимскиот храм бил повторно посветен. Со овој настан е поврзана легендата за светилка која продолжила да гори во Храмот, иако немало доволно масло за тоа, па Ханука се нарекува и Празник на светлината. Секоја година во текот на неделата на Ханука, Евреите палат специјални деветкраки свеќници „ханукии“ со палење по една светилка од тој свеќник секоја вечер.

Read More

Денеска се регистрирани 333 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 215.009 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 19 починати лица во изминативе 24 часа. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.547 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 152, Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес –  8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6,…

Read More

Влијанието на високообразовните установи во заедницата секогаш е двострано и претставува основа за заедничко меѓусебно поддржување и поттик за развој. Меѓутоа, можеби најзначаен резултат на ваквото инволвирање на академската заедница е сигурна основа за демократскиот развој кој се базира на почитување на различностите, слобода на говорот, слободен избор и релевантна партиципација на граѓаните во процесите на одлучување, беше посочено на вчерашната јавна презентација на документот за јавни политики насловен „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“, изработен во рамки на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ од експертскиот тим на Независниот академски…

Read More

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада е некредибилна. Народот своето си го кажа на претходните локални избори и се додека оваа некредибилна влада предводена од СДСМ и ДУИ продолжи, ќе продолжат поразите. За жал, тие порази почнуваат да не чинат со десетици загубени човечки живот, а тоа е само поради една основна причина – раководните лица кои се дел од владејачките партии не си ја вршат работата за која се платени, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе. Прашан кој е 61-виот пратеник на владејачкото мнозинство во Собранието, Мицкоски рече…

Read More

Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за надворешни работи да се состанат и тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности да се најдат решенија, а потоа влегува ЕУ со предлозите на претседателството и со тоа да се комплетира целиот пакет, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи за тоа дали…

Read More

Една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра, што преставува зголемување од 28 проценти, односно нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра повеќе од лани, изнесува буџетот на Министерството за надворешни работи што е предвиден за 2022 година којшто, како што информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, претставува историски најголем буџет на МНР во последните години. На прес-конференцијата по повод претставување на буџетот на МНР предвиден за 2022 година, Османи, напомена дека овие средства ќе бидат наменети за издатоците поврзани со пополнување на сите испразнети амбасадорски места, доекипирање на амбасадите и конзулатите…

Read More

Лидерот на талибанците Мула Мохамед Хасан Акхунд го одржа своето прво телевизиско обраќање откако движењето кон средината на август ја презеде власта во Авганистан. Ахунд притоа вети дека нема да се меша во работите на другите земји и побара меѓународна помош. Обраќањето доаѓа во моменти кога Авганистан се соочува со хуманитарна катастрофа, бидејќи Обединетите нации проценуваат дека половина од 38-те милиони жители во земјата се на работ на глад. -Бараме од сите меѓународни хуманитарни организации да не ја негираат помошта и да и помогнат на нашата исцрпена нација, рече талибанскиот лидер. Тој, исто така, изјави дека талибанската влада нема да…

Read More

Во бомбашки напад на Исламската држава (ИД) на пат во северен Ирак загинаа пет припадници на курдските сили, додека четворица се ранети, јавија американските медиуми. Курдските борци Пешмерга синоќа се убиени во северниот ирачки округ Гармијан, што е под контрола на Курдите, а екстремистите на ИД по експлозијата ги нападнаа и позициите на Пешмерга и ранија уште четворица нивни борци, се наведува во извештајот на американските медиуми. Нападите врз ирачките безбедносни сили и курдските Пешмерга се чести и во пораст откако ИД беше поразена на бојното поле во 2017 година. Екстремистичките фракции и терористичките ќелии се уште се активни во…

Read More

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Перу. Епицентарот на потресот бил на 37 километри од местотот Баранка, на длабочина од 100 километри. Земјотресот е почувствуван не само во Перу, туку и во Еквадор, Бразил и Колумбија. Се уште нема информации за човечки жртви или материјална штета.

Read More