Author: НОВА ТВ

По утврдената оставка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и распишаните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, актуелниот – заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски најавува дека ќе се кандидира за иден лидер на СДСМ. – Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, рекол Ковачевски во изјава…

Read More

Јапонската влада усвои дополнителен буџет за фискалната 2021 година, што вклучува одредена финансиска помош и за борбата против пандемијата, подготвеноста за катастрофи и туризмот. Дополнителниот буџет за 2021 година изнесува од 36 трилиони јени (314 милијарди долари), јави Анадолија. Со дополнителниот буџет за борбата против коронавирусот ќе се издвојат 163 милијарди долари. Исто така, 72 милијарди долари ќе бидат издвоени за програмите наречени „нов капитализам“ ветени од владата пред изборите, а 26 милијарди долари ќе бидат потрошени за помош при катастрофи, вклучувајќи и за подобрување на опремата на релевантните единици на Јапонските одбранбени сили (SDF). За зајакнување на економските активности,…

Read More

Министерството за здравство информира дека пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија претпладнево се префрлени на лекување во УКЦ ,,Мајка Тереза” во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни, тие се со полесни повреди, задржани се на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. – Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се…

Read More

Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова за БНТ коментира дека на денот на несреќата тргнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи. – Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.…

Read More

Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека за претходните мерки дискутирале на седницата на Владата. –…

Read More

Двајцата преживеани патници во сообраќајната несреќа во Бугарија, од болницата во Софија веќе се префрлени на скопските Клиники. Тие беа примени во Ургентниот центар, а нивниот третман ќе продолжи на Клинката за пластична хирургија. – Тука сме заради внуката која има 16 години. Таа има изгореници на раката и на челото, затоа е пластичната операција. Малку е во шок, ама ќе се стрпи, рече Реџеп Камберовски, роднина на преживеан патник. Министерот за здравство Венко Филипче претходно изјави дека идната недела ќе пристигнат и другите преживеани патници од изгорениот автобус на „Беса Транс“.

Read More

Интересот на граѓаните е да има функционални институции, а за тоа мора и политичарите, но дел и судиите и јавните обвинители да преземат одговорност, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Радио телевизија Црна Гора. Според него, воопшто не беше лесна задача да се почне реформирање на правосудството со деструктивна опозиција, со блокади од внатре од институциите и со отворени прашања со соседите. -Денес имаме правосилни пресуди против поранешни и сегашни функционери, тоа значи дека направивме еден сериозен процес во којшто никој не беше над законот, имаше неселективно спроведување на законот и процес кој мораше да го прочисти…

Read More

Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ ги очекуваме да пристигнат од Бугарија. Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места, изјави пред Ургентниот клинички центар министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат…

Read More

ДНК профилите за идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата Беса Транс и Министерството за транспорт, денеска се предадени на бугарските обвинители, од страна на Јавното обвинителство за Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубимир Јовески, на заедничка прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан. – Сакам да ја нагласам професионалната соработка што ја имаме со колегите…

Read More

Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи коментира дека ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели и во добро и во лошо и треба да си помагаме. Османи ги отфрли теориите дека трагедијата на автопатот Струма била исценирана за да се натера Бугарија да каже „да“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Коментирајќи ги разликите во билатералните односи и европската перспектива,…

Read More

Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник и Младен Христов Петров, истражител во Националната истражна служба на Република Бугарија од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Република Бугарија.

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666 а трета доза примиле 70.937 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата…

Read More