Author: НОВА ТВ

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата. – На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението. „Макстил“ информнира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот. – „Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за…

Read More

Општинската изборна комисија во Тетово до крајниот рок за пријавување на кандидатури на локалните избори до 24 часот на 11 септември, има примено седум пријави за кандидати за градоначалници и десет за советнички листи. – Кандидати за градоначалник доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра, информира од ОИК Тетово. Листи со кандидати за членови на Советот доставиле десет предлагачи од кои девет се од политички партии и една група избирачи. Од партиите тоа се Демократската партија на Турците, Движењето Беса, Левица,  ВМРО-Народна партија, ДПА, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса…

Read More

Во зајакната акциска контрола на полицијата за санкционирање на брзи возачи, вчера се казнети 520 лица. Од нив, 48 управувале со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното, додека осум возачи се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР информираат дека 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.

Read More

Во ноември евентуално ублажување на мерките во Јапонија. Јапонската влада денеска соопшти дека повеќе од 50 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани против Ковид, и дека владата разгледува план со кој ќе ги ублажи рестриктивните мерки во ноември, доколку мнозинството од населението е имунизирано. Кампањата за вакцинација во Јапонија започна кон средината на февруари, со задоцнување во однос на најразвиените земји во светот, поради подолго тестирање на вакцините и чекање на регулаторното тело за одобрување, пренесува „Индипендент“. Имунизацијата на постарите пациенти, која започна во април, исто така беше забавена поради недостаток на вакцини, но темпото се забрза кон крајот на…

Read More

Синоќа заврши четвтроттото издание на Меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, во чии рамки 25 уметници од 14 земји изминатите четири дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани. Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во ковид-болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.…

Read More

На годишнината од терористичкиот напад, американското ФБИ објави доверлив документ кој носи нови информации за настанот што го шокираше целиот свет. Американското ФБИ објави доверлив документ во кој се наведува дека имало логистичка поддршка за двајца киднапери од Саудиска Арабија за време на терористичките напади врз САД во 2011 година, пренесува Си-Ен-Ен. Во документот се наведува дека киднаперите имале контакти со граѓаните на Саудиска Арабија во САД, но не се дадени докази дека високи претставници на саудиската влада учествувале во заговорот. На денот на одбележувањето на 20-годишнината од нападот, ова е првиот документ од истрагата на ФБИ, објавен откако претседателот…

Read More

Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, што ја донесе администрацијата на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја даде изјавата по повод годишнината од нападите на 11 септември. Видео пораката на поранешниот американски претседател беше прикажана синоќа на собир на христијански активисти на централниот булевар во американската престолнина. Снимката беше објавена на Твитер од републиканската секретарка за печат, Лиз Харингтон. – Преживеавме огромен, огромен срам минатата недела, се случи нешто страшно, донесени се страшни одлуки од оваа администрација, рече Трамп, мислејќи на повлекувањето на војниците од…

Read More

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени вкупно 224 мерки, меѓу кои и 133 санкции за движење со брзина поголема од дозволената брзина, 13 за управување со возило без возачка дозвола и 12 за возење под дејство на алкохол. Како што информира МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 41 санкции за непрописно паркирање. – Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и…

Read More

Се реконструира дистрибутивната мрежа. Ресен и Преспа ќе добијат струја околу 18 часот. Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска ќе немаат електрична енергија до 18.00 часот, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, на која се работи од 8 часот. Од ЕВН Македонија информираат дека тие 10 часа екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа. – Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени…

Read More

Оставка понуди министерот за здравство Венко Филипче, заменикот-министер Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница.  Прмиерот Зоран Заев вчера во писмено обраќање до јавноста оцени дека поднесените оставки по пожарот во ковид-центарот во Тетово претставуваат висок морален и етички чин и демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи, посочувајќи дека одговорност има и ќе има, врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки. Тој најави дека проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето…

Read More

Во земјава има 13.406 активни случаи на корона-вирусот. Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупната цифра на активни на корона-вирусот се искачи 13.406. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови. Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта. – Студијата, која…

Read More

Кампањата за локалните избори почнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ. Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии (ОИК). Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите. Откако Општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури и тоа најдоцна до 18 септември, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед,…

Read More