Се реконструира дистрибутивната мрежа. Ресен и Преспа ќе добијат струја околу 18 часот.

Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска ќе немаат електрична енергија до 18.00 часот, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, на која се работи од 8 часот.

Од ЕВН Македонија информираат дека тие 10 часа екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа.

– Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од „ЕВН Македонија“.