Author: НОВА ТВ

Моментално во земјава има 13.406 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се 183.059 граѓани се заразиле, од нив 163.417 се оздравени, додека 6.236 пациенти ја изгубија битката со вирусот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406. Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информираше дека во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово –…

Read More

Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ соопшти дека писмото на директорите на јавните здравствени установи за спас на министерот Венко Филипче е писмо за спас на директорските фотелји. Според ВМРО – ДПМНЕ Филипче, Груби и Заев треба да си дадат оставки. – Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев сè уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност. Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.…

Read More

За првпат македонец освојува прво место на Светскиот куп во Параглајдерство (PWC – Paragliding World Cup) во Турција. Станува збор за Мартин Јовановски.  Неговиот контиуниран резултат во сите натпреварувачки денови, особено во последните два кога го освојува првото место, го прави севкупно победник на натпреварувањето во серизната конкуренција од највисок ранг во светот. На овој адреналински спорт се летаат повеќе трки во неколку дена и до 100 километри. Се креваат висини и до 4.000 метри во исклучително сложени услови.

Read More

Лекарите специјализанти се надеваат дека ќе продолжи да се подобрува нивниот статус, без разлика на одлуките по понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче. Плата за приватните специјализанти, фер договори за државните специјализанти и укинување на лихварските договори со обврски и меници на преку 100 000 евра, укинување на интермедиерниот испит, укинување на снимањето и емитувањето во живо на нашите испити и колоквиуми, бесплатна вакцинација против хепатитис Б за сите специјализанти, здравствено осигурување на приватните специјализанти и платените дежурства, се реалност, соопшти Здружението на лекари специјалисти. Овие постигнувања, посочуваат од Здружението, меѓу другото се резултат и на покажан слух…

Read More

Со минута молчење во 08:46 часот на 11 септември, кога првиот авион се урна врз Светскиот трговски центар во Њујорк пред дваесет години, започна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад врз САД, во кој животот го загубија 2.977 луѓе. Во текот на денот на повеќе места ќе има минута молчење, во спомен на жртвите од сите напади врз САД на 11 септември 2001 година. Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш, како и неколку државни лидери, исто така присуствуваат на одбележувањето на годишнината во Њујорк. По повод…

Read More

Од обвинителството информираат дека тим на јавни обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжуваат интензивно да работат на откривање на причините за избувнување на пожарот во модуларната болница во Тетово. Јавното обвинителство информираше дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена. – Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите…

Read More

Институтот за јавно здраство на Косово (ИКШПК) смета дека одржувањето на локалните избори, закажани за 17 октомври годинава, може да предизвика натамошно влошување на епидемиолошката состојба во земјата, поради што бара нивно одлагање, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмото до претседателката на Косово, Вјоса Османи, кое денеска го објави порталот Коха.нет, ИКШПК предупредува дека одржувањето на изборите претставува опасност од зголемување на бројот на заразени и умрени од Ковид-19. – Врз основа на анализата на актуелната епидемиолошка ситуација (…) ИКШПК смета дека одржувањето на изборниот процес, кој опфаќа јавни собири и собирања на граѓаните, претставува опасност од ширење…

Read More

Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија животите на 8 септември. Пред тргнувањето на маршот на плоштадот симболично беа засадени дрвја во знак на почит кон загинатите сограѓани. Групата тргна од градскиот плоштад и се движеше преку булеварот „Илинденска“ се до улицата „29 Ноември“ по што се доближи до новиот пристапен пат кој води позади модуларната болница . Таму беше положено цвеќе и венци, а беше оддадена почит и со минута молк. Беа поставени и неколку транспаренти со натписите „Жив сум – протестирам“…

Read More

Претседателот на Бугарија Румен Радев најави дека ќе го распушти 46. Народно собрание што е можно поскоро во согласност со процедурата и Уставот. Претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември. Според Радев, изборите во формат „2 во 1“ ќе заштедат државни трошоци и време на гласачите. Тој не коментираше дали ќе направи промени во привремената влада во Бугарија, како што тоа му го овозможува Уставот на земјата. Радев рече дека е жесток поддржувач на надпартискиот договор и ќе смета на поддршката од сите угледни бугарски граѓани. Тој смета дека оваа изборна кампања во Бугарија…

Read More

Албанскиот претседател Илир Мета потпиша уредба со која на лидерот на владејачките социјалисти Еди Рама му го дава мандатот за формирање влада. Уредбата, која го носи вчерашниот датум, Мета ја потпишал синоќа веднаш по конституирањето на Парламентот и стапува во сила веднаш, јави дописничката на МИА од Тирана. Со доделувањето на мандатот за премиер од страна на претседателот, Рама во рок од 10 дена доставува програма и состав на владата до Собранието, кое треба да ги стави на дневен ред за одобрување. Последниот збор околу министрите сепак го има Мета кој треба да потпише уредби посебно за секој, во рок…

Read More

Британската кралица Елизабета денеска рече дека се моли за жртвите и преживеаните од нападите на САД на 11 септември и им оддаде почит на заедниците што се обединија во обновата по разорувањето. – Моите мисли и молитви – и мислите на моето семејство и целата нација – остануваат со жртвите, преживеаните и погодените семејства, како и службите за итна помош и спасување повикани на должност, истакна таа во пораката до американскиот претседател Џо Бајден. Таа додава дека посетата на Светскиот трговски центар во 2010 година останала во нејзината меморија. – Ме потсетува дека ние додека им оддаваме почит на луѓето…

Read More

Лекарите со писмо до премиерот Зоран Заев во кое му укажуваат зошто не треба да ја прифати понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче. Директорите на клиниките во писмото наведуваат дека Филипче е столбот на воспоставениот систем за лекување на заразени пациенти од Ковид – 19, преку кој се лекуваат заболените од вирусот. Директорите на државните здравствени установи низ земјава не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче. Тие испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека на Филипче му даваат безрезервна поддршка за тој да продолжи да го води ресорното министерство. – Почитуван…

Read More