Author: НОВА ТВ
Европската унија ќе треба да воспостави односи со талибанците, но нема да брза официјално да ја признае исламистичката група како нови лидери на Авганистан, изјави високиот европски функционер Гунар Виганд. Тој истакна дека официјалните односи можат да започнат дури кога талибанците ќе исполнат низа услови, вклучувајќи почитување на човековите права и отворање на Авганистан за хуманитарните организации. – Нема сомнеж, ниту меѓу земјите на ЕУ, ниту во контекст на Г7. Треба да воспоставиме однос со талибанците, треба да комуницираме со нив, треба да влијаеме врз талибанците, треба да ја искористиме моќта што ја имаме, нагласи Виганд, нагласувајќи дека „нема да…
Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, посветен на темата „Иднината на Европа“ му испрати порака на претседателот на Бугарија, Румен Радев. Рама на Радев му порача да не бидат европејци, туку балканци и да го отворат патот кон Европската Унија. – Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија. Ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што? Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, можете да бидете цело…
Моментално во земјава има повеќе од 14.000 активни сличаи на Ковид – 19. Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 906 случаи на Ковид – 19 од направени 6.006 тестирања на вирусот, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје кој ја објави ковид статистиката за текот на вчерашниот ден. Најмногу нови случаи има во Скопје 423, па во Тетово 68 новозаразени, во Куманово 60, а во Гостивар 51 случај. Во извештајот се наведени 26 починати пациенти кои биле заразени од Ковид – 19, додека 343 пациенти оздравеле. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 177.399 случаи…
Раководството на регионалната ракометна СЕХА-лига, вечерва преку соопштение ги потврди шпекулациите дека Вардар нема да игра на завршниот турнир во Задар поради позитивен играч на коронавирус. – По добиен позитивен ПЦР тест на ракометар на Вардар, се консултиравме со надлежните и со Институтот за јавно здравје, епидемиологија и имунизација во Задарската област. Ги замоливме да ни дадат препораки во врска со ситуацијата со делегацијата на РК Вардар 1961 година, која треба да дојде на Фајнал 4 од СЕХА -Газпром лигата во Задар, што ќе се одржи од 3 до 5 септември. Препораката од епидемиолозите е играчот кој има позитивен PCR…
Нападот се случил за време на училишен час. Вооружена група киднапираше повеќе од 100 ученици и неколку наставници од училиште во државата Замфара во северозападна Нигерија, објави нигерискиот портал Блупринт, повикувајќи се на очевидци. Нигерискиот ТВ канал објави дека гувернерот на Замфара, Бело Матавале наредил привремено затворање на сите основни и средни училишта во државата. Во исто време, воведени се ограничувања во сообраќајот од 18 до 06 часот во 13 области. Во Нигерија во последните месеци има зачестени напади врз училиштата и универзитетите со цел киднапирање ученици за откуп. Од почетокот на оваа година, повеќе од 1.000 луѓе беа киднапирани…
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави во Блед дека Европската унија не смее да си дозволи да го изневери Западен Балкан и дека нема повеќе време за чекање. – Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми за Западен Балкан. Имаме свеж пример – Авганистан. Авганистан е далеку, но Западен Балкан е тука. Нашата одговорност кон Балканот е поголема отколку кон Авганистан. Не можеме да си дозволиме да го изневериме Западен Балкан, истакна Вархеји на панелот „Иднината на Европа“ во рамки на…
Во Тексас е донесен закон според кој се забрануваат абортуси по шеста недела бременост, период во кој, во случај на бременост, многу жени не знаат за својата состојба, јави „Ен-Пи-Ар“. Се очекуваше дека Врховниот суд на САД ќе одговори со блокирање на овој закон, по итниот поднесок од страна на клиниките провајдери на оваа услуга, но тоа не се случи, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Законот, познат и како „Сенатски бил 8“, речиси целосно го забранува абортусот во Тексас. Со ова се најавуваат правни битки за иднината на судска разврска од 1973 година (Ро против Вејд) според која правото…
Премиерот Зоран Заев денеска зеде учество на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“. Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум. – За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ…
Преговорите, кои започнаа во април во Виена за реактивирање на меѓународниот договор за иранското нуклеарно прашање, најверојатно нема да започнат за уште два или три месеци, соопштија иранските власти. Целта на преговорите, кои се водат под покровителство на ЕУ, е САД да се вратат на договорот што го постигнаа во 2018 година за време на претседателот Доналд Трамп и Иран да се обврзе дека ќе ги почитува своите меѓународни обврски за нуклеарни прашања според тој договор. Преговорите беа прекинати на 20 јуни, два дена по победата на Ебрахим Раиси на иранските претседателски избори и сe уште не е утврдено кога…
МОН е подготвено на уште две резервни сценарија кои зависат од епидемиолошката состојба. Oсновните и средните училишта успешно ја започнаа новата учебна година со физичко присуство, под пропишаните мерки за заштита и Протоколи. Во училиштата се обезбедени безбедни услови, а состојбата се менаџира на дневно ниво. Ова беше заклучокот од денешниот редовен состанок на директорите на основните и на средните училишта попладнево со министерката за образование и наука Мила Царовска. Како што соопштија од Минстерството за образование и наука, генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот. – Би сакала да ви честитам на…
Претседателот на Бугарија Румен Радев кој учествува на Бледскиот стратешки форум, за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува. – Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана, објасни Радев. Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Северна Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство од 2017 година. Радев смета дека Резолуцијата ги истакнува јазикот и идентитетот како црвени линии за кои Скопје нема да преговара со Софија. Претседателот на Бугарија…
На ГП Табановце се бележи зголемена фрекфенција на возила, и за излез од државата се чека околку 40 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.