Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ќе разговара со својот руски и украински колега во обид да ги смири тензиите меѓу двете земји, во време кога Русија е обвинета за акумулација на сили на нивната заедничка граница. На прашањето на новинарите дали ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, американскиот претседател одговори „многу веројатно“ и додаде дека е „загрижен“. Бајден, кој се наоѓа во Нантакет, во сојузната држава Масачусетс, ја повтори својата поддршка за „територијалниот интегритет“ на Украина. Претходно Белата куќа повика на континуирани дипломатски напори за смирување на тензиите меѓу Русија и…
Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на вирусот – омикрон, што е откриен во Јужна Африка, а Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“. „Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот“, се наведува во соопштението на американската компанија. Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го класифицираше новиот сој на коронавирус , откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки и високо пренослив вирус“ и го нарече омикрон. Во истата категорија е и делта сојот на вирусот што стана доминантен во светот.…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 11 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време…
Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Алтернатива, пак, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да разговара со Заев или неговиот наследник за евентуален влез во Владата. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во…
Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца пациенти, од кои едниот е најмладиот повреден во несреќата, 17-годишна девојка, по хоспитализацијата во софиската болница „Пирогов“, утрово со амбулантни возила тргнаа кон Македонија . Kaко што јавува БГНЕС, двајцата пациенти на медицинската екипа од земјава им ги предала Д-р Анастасија Викторова од клиниката за изгореници и пластична хирургија на „Н.И. Пирогов“. Испишаните пациенти биле стабилни и во добра општа состојба. .Утре од болницата во Софија ќе бидат отпуштени уште двајца од повредените. На 30 ноември уште двајца и едно лице на 1 декември.…
Оставката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е ефектуирана и во партијата почнува процесот на внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември. Ова го информираше портпаролката на оваа партија, Богданка Кузеска. Таа кажа дека од утре ќе почне процесот за поднесување на кандидатури за иден лидер на СДСМ. Прашана дали бил промовиран актуелниот заменик – министер за финансии, Драган Ковачевски, таа одговори. – Станува збор за коментар на квалитети на еден човек. Претседателот на СДСМ ќе се бира на внатрепартиски избори. Од утре се отвора постапката за избор на нов претседател на СДС и ќе можат да се…
Заврши Централниот одбор на СДСМ. Одлуките на двете највисоки партиски тела на оваа партија – Централниот одбор и Извршниот одбор, ќе ги соопшти портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска: Според информациите пред завршување на високите партиски тела, Заев не се откажувал од намерата да си замине од лидерската функција во СДСМ, како и од претседателската позиција во Владата. Како негов иден наследник се споменува актуелниот заменик – министер за финансии, Димитар Ковачевски.
Централниот одбор на СДСМ со двочасовно задоцнување, ја почна седницата на која, според најавите, треба да се дискутира за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство, и да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев. Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната…
Со калашников пукано во автобус со ученици во Косово во селото Глоѓане кај Дечани. Најмалку четири лица загинаа, а меѓу нив и две деца. Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на самото место, додека подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години. Пукањето кон автобусот било околу 19 часот. – Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.
Централното Претседателство на Алтеративо одлучи лидерот на оваа партија, Африм Гаши прво да разговара со актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, како и со евентуално идниот мандатар, за да се видат позициите на СДСМ во однос на тоа дали ќе има волја за заедничка програма на Владата. Ваквата одлиука, како што информираа од Алтернатива, е донесена бидејќи земјава се наоѓа во длабока политичка, економска, енергетска и здравствена криза. – Во меѓу време чекајќи го датумот за почеток на преговорите со ЕУ, овој ќорсокак произведе многу неизвеснот не само на политички, туку и на економски план. Откако ја согледавме…
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вели дека доколку СДСМ и ДУИ сакаат со четирите пратеници да го зголемат парламентарното мнозинство, без прифаќање на партиската програма, дека тогаш нема интерес за учество во Владата. Според Гаши, потребна е и еднаквост меѓу политичките актери на власта. Гаши сепак не сака да предвидува каков ќе биде исходот од вечерашните состаноци во Алтернатива. – Ако во преговорите видиме дека Заев навистина сака да ја спаси државата од овој ќорсокак, ќе се обидеме да им помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за…
Кчево иако не е најголемиот град во земјава, сепак е помеѓу водечките градови според аерозагадувањето. Нема ден а овој град да не биде на врвот или при врвот на градови со најзагаден амбиентален воздух. Хронично болните и децата се потешко го поднесуваат загадениот воздух, иако би сакале во текот на денот да излезат и да се прошетаат а, таква желба имаат и пензионерите, кои поради високото аерозагадување и претпазливост од Ковид-19, најголемиот дел од времето го поминуваат дома. – Имам проблеми со срцето и дишењето, кога воздухот е многу загаден препорачано ми е да не излегувам на отворено и да…