Author: Ivana

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски…

Read More

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман, по што одржаа заедничка прес-конференција на која ја истакна важноста на евроинтегративниот процес на државата и започнување преговори за членство во ЕУ. „Отпочнување на процесот на преговори е нашиот клучен надворешно – политички приоритет, заедно со регионалната стабилност, а воедно и наша обврска, бидејќи нашите граѓани заслужуваат да живеат во модерна, безбедна и просперитетна земја која нуди еднакви можности за сите. Во таа насока би ја подвлекол важноста на Берлинскиот процес со кој Западен Балкан тргна во вистинска насока…

Read More

Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани, вечерва пред полноќ ја избра новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски. Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива. Во продолжение следуваат куси биографии на премиерот Ковачевски и членовите на неговиот владин Кабинет. Премиерот Димитар Ковачевски, роден 1974 година во Куманово, е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и…

Read More

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани вечерва пред полноќ во Собранието избрана е новата Влада на Република Северна Македонија која ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Овој владин кабинет предводен од СДСМ ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива. Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби (ДУИ) – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска (СДСМ) – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ (СДСМ) – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи (СДСМ) – вицепремиерот за…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва даде половина час пауза на седницата на која се води расправа за изборот на новата влада и ги повика координаторите на координација за завршниот дел од седницата, по кој треба да се гласа за владата. -Давам пауза од половина час и ги повикувам координаторите на пратеничките групи на консултации за последната рунда од четири говорници, за да се затвори циклусот на говорници и завршни зборови на мандатарот. Со тоа по паузата да ја затвориме дискусија по односното прашање. Продолжуваме во 21:45 часот, рече Џафери. Во денешниот дел од расправата, како и во текот на…

Read More

Попова Шапка останува едно од најомилените туристички места во земјата. Снегот привлече туристи од многу места, посебно љубители на зимските спортови. Викендов скијачкиот центар беше преплавен од туристи кои покрај тоа што беа дојдени за скијање, дојдоа и на планинарење, шетање или за уживање на свеж и чист воздух. За жал посетителите на ски центарот секојдневно се соочуваат со недостаток на слободни паркинг места, па се приморени со своите возила да го “окупираат” и самиот пат. Иако од ски-центарот беше најавено дека  заедно со полицијата ќе се најдат решенија за сообраќајниот метеж и паркирањето во екот на сезоната, попладнево поради…

Read More

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека милиони бегалци во Јемен се соочуваат со зголемен глад поради намалената помош во храна, пренесува Анадолија. „Бегалските семејства во Јемен се соочуваат со зголемен глад поради намалената помош во храна“, предупреди УНХЦР. Тие наведоа дека повеќе од половина од бегалците во Јемен, поточно околу четири милиони луѓе живеат во области каде што е потребна итна помош во храна. ОН претходно овој месец објавија дека некои од важните програми за хуманитарна помош во Јемен се суспендирани, а некои намалени поради недостиг на средства. Јемен е место на конфликти и насилство од…

Read More

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Северна Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји. Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија,…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47,  Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и…

Read More

Соборениот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кејта, почина денеска на 76-годишна возраст, соопшти поранешниот министер за правда и негов советник, пренесуваат западни медиуми. Поранешниот советник информира дека Кејта починал во својот дом, но не е соопштена причината за смртта. Кејт ја водеше западноафриканската земја од септември 2013 година до август 2020 година, за време на турбулентен период, протести и немири во земјата. Тој беше симнат од власт по неколкумесечни антивладини протести и воен удар.

Read More

Европскиот парламент утре ќе одржи пленарна седница која ќе почне со комеморација за неодамна починатиот претседател на Европарламентот Давид Сасоли, а потоа ќе избира ново раководство. Утре доцна попладне, на самиот почеток на пленарната седница, ќе се одржи комеморација за Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент, кој почина на 11 јануари. На комеморацијата ќе учествуваат голем број европски лидери, меѓу кои и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон. Согласно договорот на пратеничките групи, на половина од мандатот на овој состав на Парламентот се избира ново раководство, претседател, 14…

Read More

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна. Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, иако дел од опозициските партии изјавија дека потребни се промени во предложеното законско решение. Во Австрија во моментов 71,6 отсто од населението што брои 8,9 милиони лица досега се целосно вакцинирани против ковид-19, но помал дел од популацијата се противи на имунизацијата против корона вирусот. Во…

Read More